За една недела стигнавме од 10 на 11 илјади заболени од COVID-19 во земјава

Нови 166 случаи со COVID-19 од 1.419 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починаа четири пациенти од Скопје, Кичево, Штип и Битола. Регистрирани се 185 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 11.054, бројот на оздравени пациенти е 6.882, на починати е 497, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.675.

Тоа значи дека за една недела имало речиси 1.000 нови случаи на COVID-19 и дека откако ја надминавме бројката од 10 илјади заболени на 26 јули (10.086 случаи), помина само една недела додека да ја надминеме новата психолошка граница од 11 илјади случаи.

Од вкупниот број активни случаи во државава – 3.675, во Скопје има 1.372, во Штип – 428, во Гостивар 269, во Куманово – 263, во Тетово – 237, во Струга – 202, во Свети Николе – 165, во Дебар – 118, во Кичево – 105…

Досега во земјата се направени вкупно 105.357 тестирања на COVID-19.

На Инфективната клиника, според вчерашните податоци за изминати 24 часа, примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти од кои на кислородна поддршка се 47 пациенти, а еден е на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на COVID-19 и три деца позитивни, како и пет пациенти суспектни на вирусот. Во Градската општа болница „8 Септември“ примени се седум пациенти. Вкупно хоспитализирани се 96 пациенти од кои на респираторна машина се пет пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 37 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116 пациенти – позитивни и сомнителни на COVID-19.

Од скопските општини најголем број активни случаи и натаму има во Чаир – 170, по кој следат Аеродром – 156, Кисела Вода – 149, Гази Баба – 139м Центар – 120, Карпош – 120, Шуто Оризари – 111, Ѓорче Петров – 97, Бутел – 87, Сарај – 65, Студеничани – 48, Арачиново – 24, Илинден – 23, Сопиште – 21, Петровец – 17, Чучер Сандево – 8, Зелениково – 8. Има и шест активни лица кои се странци, како и тројца кои се нераспределени.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Македонија

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: Коалицијата Храбро за Македонија нема да поддржи уставни промени ниту пред, ниту по изборите

Read more

Почна реконструкцијата на стариот пешачки мост на Вардар

Read more
 

Вести

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Читај повеќе

Раст на Волстрит по три дена пад

Читај повеќе

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Читај повеќе