За електронски индекс ќе треба 1 и пол година, месецов почнува дигитализацијата на студентските сервиси на УКИМ

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) месецов почнува со дигитална трансформација. Ректорката Билјана Ангелова најави дека првин ќе се дигитализираат студентските сервиси, а ќе се работи и на електронски индекс за што таа смета ќе треба подолго време.

„УКИМ почнува со дигитална трансформација многу бргу, веројатно од овој месец почнуваме со првите чекори. Најнапред ќе ги дигитализираме сите студентски сервиси. Планот е до почетокот на новата учебна година основните студентски сервиси комплетно да бидат дигитализирани и, се разбира, да завршиме со електронскиот индекс. Ова е процес, ќе трае, мојата процена е дека можеби во текот на една или една и пол година овој процес може да се заокружи. УКИМ влегува во овој процес и тоа е наш приоритет“, рече рекотрката Ангелова денес пред почетокот на научната конференција „Новите предизвици во високото образование и синдикалното движење“ во организација на Сојузот на синдикатите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Вториот приоритет на кој работи УКИМ, како што кажа Ангелова, е квалитетот на наставата, квалитетот на истражувањата и општо квалитетот на Универзитетот.

Дигитализацијата и подобрувањето на квалитетот се двата клучни процеси на кои ќе работат во следниот период, а од кои ректорката Ангелова очекува подобрување на рангот на Универзитетот.

Тагови
реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Македонија

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Read more

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Read more

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Read more

Кривична пријава против ексградоначалникот на Сарај, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра

Read more
 

Вести

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Читај повеќе

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Читај повеќе

Трoјца тешко повредени пешаци во еден ден во Скопје, Штип и Битола

Читај повеќе

Во дом во Прилеп пронајдени 74 стари монети: Кривична пријава за недозволена трговија со културно наследство

Читај повеќе

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Читај повеќе

Кривична пријава против ексградоначалникот на Сарај, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра

Читај повеќе

Украинското разузнавање предупредува: Русија подготвува голема офанзива, цел е Донбас до септември

Читај повеќе

Левица прашува: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити?

Читај повеќе

Мицкоски: Прво процедура да му се тргне азилот па потоа барање за екстрадиција на Груевски

Читај повеќе