За гурмани - француско средновековно јадење од грав со 3 вида месо

Касуле е старо француско јадење кое се прави со неочекувана комбинација на зачини, а е вистински деликатес за сите гурмани.

Јадењето касуле (cassoulet) потекнува од историскиот регион Окситанија на чиј јазик се вика касолет (caçolet). Денес важи за стар француски рецепт за јадење со грав и месо. Месо може да ставите по избор, оригиналниот средновековен рецепт е со месо од патка, гуска, свински колбаси и свинска кожа, а наш избор за овој рецепт се колбаси, пафлек и свинска кожа. Ова јадење се нарекува и храна за сиромашните бидејќи се прави од евтини состојки, а може да го нахрани целото семејство. Името го добило по садот во кој се приготвувало, кој се нарекува касола. Се става и сода бикарбона, што ги омекнува зрната и ги тера побрзо да се варат. Пробајте го овој средновековен рецепт и уживајте во уникатниот вкус.

Потребни состојки:
  • 500 гр бел грав
  • 2 каранфилчиња
  • 2 кромид
  • 1 морков
  • мајчина душица
  • ловоров лист
  • рузмарин
  • жалфија
  • прстофат сода бикарбона
  • 1 лажица свинска маст
  • 2 чадени свински кожи
  • 600 гр чаден свински пафлек
  • 6 лажици доматно пире
  • 8 свински колбаси
  • 1 чаден колбас
Подготовка:

Потопете го гравот да отстои преку ноќ. Следниот ден измијте го, а во кромидот забодете каранфилче. Земете газа и ставете мајчина душица, ловоров лист, рузмарин и жалфија. Добро затворете. Во тенџере ставете ги гравот, кромидот, газата со зачини и морковот кој сте го излупиле и исечкале на 4 дела. Додадете сода бикарбона. Истурете вода, покријте и варете 4 часа. Кога водата ќе почне да се загрева, додајте ја свинската маст и извадете ја пената што се создала одозгора. Исечете ја чадената свинска кожа и ставете ја во тенџерето во кое сте ја полиле водата. Оставете да зоврие, па процедете и додадете ја во гравот. Исечете го чадениот свински пафлек и пропржете го, па додадете го исечканиот кромид. Додадете доматно пире и 2 големи лажичи вода во водата во која се вари гравот. Кога пафлекот е готов извадете ги целите парчиња кромид и морков. Додадете го пафлекот со целиот сос. Промешајте, па додадете го сечканиот чаден колбас, а потоа целиот свински колбас што сте го испржиле. Намачкајте ја хартијата за печење со путер, па ставете ја врз гравот. Добро напикајте, па печете во рерна на 150°C околу 2 часа. Послужете.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Рецепти

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Read more

Ловечки шницли на руски начин

Read more

Трик за брзо и лесно лупење лук

Read more

Сезона е на јагоди, направете тирамису од ова овошје и кокос

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе