За гурмани: Сочно свинско филе со јаболка

Совршеното свинско месо се пече на јаболка и кромид, па не само што е сочно, туку и ароматично.

Потребни состојки:
  • 2 свински филеа
  • 2 лажици авокадово масло
  • 1½ лажичка ситна морска сол
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажица сечкани свежи листови мајчина душица
  • ¼ лажичка мелен црн бибер
  • 2 јаболка
  • 2 главици кромид, исечени на коцки
  • 1 шолја пилешка супа
  • 1 лажица путер
Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе ја тавата и исчистете го месото од жили. Потоа исчистете го свинското месо со хартиени крпи и истријте го со една лажица масло и 1 и пол лажичка сол. Загрејте една лажица масло во тава на средна топлина.

Кога маслото ќе се загрее, додајте ги свинските филети, вртејќи ги повремено, додека не поруменат, околу 12 минути. Префрлете сѐ на голема чинија или даска за сечење. Јаболката исчистете ги и исечкајте ги на коцки, исто и кромидопт. Заедно пропржете ги на средна температура додека не поруменат околу рабовите, околу 5 минути. Измешајте им 1 лажичка мајчина душица.

Со помош на четка за печиво (или со прстите), истријте го печеното свинско месо со сенф, мајчина душица и црн бибер. Во тавата ставете ги јаболката и кромидот, а врз нив свинските филети и потоа ставете ги во рерна. Печете 10 до 15 минути. Префрлете го свинското месо во голема чинија и покријте го со алуминиумска фолија. Оставете го да отстои околу 10 минути.

Додека свинското месо мирува, вратете ја тавата со јаболката и кромидот во шпорет и загрејте ја на средна температура. Додадете ја пилешката супа и оставете да зоврие и варете додека не се намали за половина. Додадете путер и мешајте додека не се стопи.

Исечете го свинското месо на парчиња и послужете го на подлога од јаболка и кромид со сосот прелиен врз месото.

Remote video URL
реклама

BBC: Израелците беа убедени дека се недопирливи

Read more

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Read more

Најдени црните кутии: Откриен клучниот момент за падот на индискиот авион

Read more

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Read more

Рецепти

Ручек за носење: Три генијални рецепти за салата во тегла

Read more

Супа од коска: Како да го направите овој еликсир за здравјето?

Read more

Летен колач што се прави за 5 минути

Read more

Совети за како да направите совршена чоколадна глазура

Read more
 

Магазин

Ручек за носење: Три генијални рецепти за салата во тегла

Читај повеќе

Најдобри протеини за зајакнување на имунитетот и здраво слабеење по 40-тата година

Читај повеќе

Дали имате финансиска траума?

Читај повеќе

Голем неделен финансиски хороскоп од 16 до 22 јуни

Читај повеќе

Кафе едно евро, вино две: Која е европската дестинација со рајски плажи?

Читај повеќе

Како да препознаете вистински домашен мед?

Читај повеќе
  • play_arrow

Евтина храна што го подобрува здравјето на срцето

Читај повеќе

Што му предвидува неделниот хороскоп од 16 до 22 јуни на вашиот знак?

Читај повеќе

Пет намирници кои се поздрави отколку што мислите

Читај повеќе