За гурмани: Свинско филе со смокви и балсамико глазура

Ова свинско филе подготвено со смокви и глазура од балсамико е одлична опција за раскошен ручек, како ресторански специјалитет.

Балсамико оцетот е многу богат со антиоксиданси, корисен е за кардиоваскуларниот систем и може да замени бројни преливи.

Потребни состојки:

за месото:

  • 450 гр свинско филе
  • 1 лажичка сува мајчина душица
  • сол
  • бибер
  • 2 лажици масло

за смоквите и глазурата:

  • 8 мали смокви исечени на половина
  • 180 мл балсамико оцет
  • 3 лажици путер
  • 2 ловорови листа
  • 1 лажичка свежа сечкана мајчина душица
  • ¼ лажичка шеќер
Подготовка:

Ставете ја решетката во рерната во средина и загрејте ја рерната на 220 степени. Во мал сад измешајте ја мајчината душица, 1 лажичка сол и половина лажичка бибер. Намачкајте ја смесата од зачините врз месото. Загрејте го маслото во тава на силен оган. Додадете го месото и пржете од секоја страна околу 4 до 6 минути.

Префрлете ја тавата во рерна и печете го свинското месо околу 15 до 18 минути. Месото префрлете го на даска за сечење и покријте го со алуминиумска фолија. Потоа подгответе ги смоквите и глазурата од балсамико. Во истата тава на силен оган растопете 1 лажица путер. Додадете ги смоквите исечени странично надолу и пржете до златно кафена боја, околу 2 минути. Префрлете ги на даска за сечење со одсечената страна нагоре и ставете ги под алуминиумската фолија заедно со свинското месо.

Намалете ја топлината. Додадете балсамико оцет, ловоров лист, свежа мајчина душица и шеќер. Нека се крчка додека глазурата не се згусне и само го покрие дното на тавата, околу 7 до 10 минути. Тргнете ја тавата од оган. Отстранете го ловоровиот лист. Додадете ги преостанатите 2 лажици путер и нежно изматете го сосот. Зачинете по вкус со сол и бибер.

Исечете го свинското месо на парчиња, префрлете го во чинија за сервирање, наросете го со малку глазура и украсете со свежа мајчина душица. Послужете со смоквите и останатата глазура.

Ви предлагаме да гарнирате со пекарски компир и зелена салата.

реклама

Џака со погрешно знаме го честиташе Денот на независноста на Косово 

Read more

Како ќе напикаат 1.750 паркинг места кај поранешната Печатница на Нова Македонија?

Read more

На 17 февруари почна нова златна доба за три хороскопски знаци

Read more

Илон Маск го запали интернетот: Програмирањето какво што го знаеме ќе исчезне до крајот на 2026-та

Read more

Рецепти

Протеински мафини со јајца и урда

Read more

Рецепт на денот: Паста е фаџоли на балкански начин

Read more

Подгответе ги највкусните тортиља пици за само неколку минути

Read more

Како правилно да сварите киноа без да стане кашеста?

Read more
 

Магазин

Авокадо за појадок, ручек или вечера: Кога е најкорисно?

Читај повеќе

Проверете се: Дали се обидувате да го превоспитате партнерот?

Читај повеќе

Колку деца е премногу деца?

Читај повеќе

7 навики што може двојно да го намалат ризикот од мозочен удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Митот за спиењето 8 часа: Колку часа сон ни се потребни?

Читај повеќе
  • filter

Каде се пие најдоброто пиво во Германија?

Читај повеќе

Што се случува во телото ако јадеме барем едно јаболко секој ден?

Читај повеќе

Протеински мафини со јајца и урда

Читај повеќе

На 17 февруари почна нова златна доба за три хороскопски знаци

Читај повеќе