За нашите херои - Енергетска храна од Виталиа за пожарникарите и волонтерите

Со цел да се обезбеди ефективна помош на техничките тимови од земјата и регионот, како и на сите волонтери кои во текот на изминатите 4 дена беа во истоштувачка борба со бурните пламени кои го опфаќаа реонот кај селото Будинарци - беровско, Виталиа донираше енергетски барови од својот асортиман со висока нутритивна вредност кои, пред сè, ќе им овозможат одржување на високо ниво на енергија и физичка подготвеност на тимовите во овие исклучително тешки услови, но и се практични за консумирање и складирање при активни и мобилни операции.

Компанијата исто така донираше и опрема за волонтерите и жителите од Будинарци, Мачево и околните населени места кои во следниот период ќе организираат чистење на реонот од настанатата штета, како и враќање на изобилното природно богатство на малешевскиот предел.

„Во вакво неизвесно време на економска и здравствена криза, кога низ целиот свет се увидуваат последиците од климатските промени и покачените температури, важно е да покажеме и практикуваме хуманост во секоја сфера врз која можеме да дејствуваме. Би сакале да им искажеме огромна благодарност на сите кои учествуваа во стишување на шумските пламени во Будинарци, како и оние што активно се борат со пожарите низ целата територија на државата. “ – изјавија од Виталиа.

Од Виталиа посочуваат дека дојдено е критично време во кое компаниите мора да се тие кои ќе служат како главен мотиватор и двигател кон постигнување на посветла, позелена иднина и поради тоа, редовно ги следат и поддржуваат сите активности со хумана мисија.

Залагајќи се да се помогне во секоја област каде што е потребно, тие веруваат дека со оваа стратегија ќе ги инспирираат компаниите, како и индивидуалците, да се вклучат во континуираната борба за подобро утро.

реклама

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Промо

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Read more

Златен Даб – еволуција на изглед и вкус

Read more

Пролетно уредување на домот: Топ трендови и совети за оваа сезона

Read more

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Read more
 

Ново

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Рани симптоми на дијабетес кои не смееме да ги игнорираме

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

Националниот џез оркестар со „Џез лектира“ гостува во Велес

Читај повеќе

Македонски Телеком e најпосакуван работодавач меѓу телекомуникациските компании во Македонија

Читај повеќе

Дали сончањето за време на бременоста може да биде опасно за бебето?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација - машки против женски

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе