За новогодишната трпеза: Специјалитет говедско Велингтон

Говедското Велингтон во верзијата на Гордон Ремзи е специјалитет за посебни пригоди, токму како што се новогодишните празници.

Се работи за специјалитет од англиската кујна. Не е поптврдено зошто се вика Велингтон, но владее мислењето дека било именувано по Артур Велсли - Првиот војвода од Велингтон.

Веднаш ќе ви кажеме дека ова не е едноставен рецеп кој брзо се подготвува. Ќе теба да се потрудите, но вреди.

Потребни состојки:
  • 1 кг говедско филе
  • 3 лажици маслиново масло
  • 250 гр шампињони
  • 50 гр путер
  • 1 гранче свежа мајчина душица
  • 100 мл суво бело вино
  • 12 парчиња пршута
  • 500 гр лиснато тесто
  • малку брашно за посипување
  • 2 жолчки изматени со лажичка вода
  • бибер
Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220°C. Ставете го говедското филе на плех за печење, премачкајте со 1 лажица маслиново масло и зачинете со бибер, а потоа печете 15 до 20 минути додека не стане средно печено. Кога ќе биде печено по ваша желба, извадете го од рерна да се излади, па оставете го во фрижидер околу 20 минути.

Додека говедското месо се лади, исечкајте 250 гр печурки што е можно поситно за да имаат текстура на крупна презла.

Во голема тава загрејте 2 лажици маслиново масло и 50 гр путер и пржете ги печурките на средна температура, со 1 големо гранче свежа мајчина душица, околу 10 минути, често мешајќи додека не омекнат.
Зачинете ја смесата со печурки, истурете 100 мл суво бело вино и варете околу 10 минути додека не се впие целото вино. Смесата треба да ја задржи формата кога се меша. Извадете ја смесата со печурки од тавата да се излади и фрлете ја мајчината душица.

Преклопете две парчиња фолија за храна врз голема даска за сечење. Ставете 12 парчиња пршута на фолијата, малку преклопени, во два реда. Половина од печурките намачкајте ги врз пршутата, па врз нив ставете го филето и премачкајте ги преостанатите печурки. Користете ги рабовите на фолијата за да завиткате сè околу говедското месо во ролна. Изладете го месото додека го развлекувате тестото.

Работната површина посипете ја со малку брашно. Третина од пакувањето лиснато тесто од 500 г расукајте го во лента со димензии 18 x 30 см и ставете ја на нелеплив плех за печење. Остатокот од лиснатото тесто развлечете го на околу 28 x 36 см. Одвиткајте го филето од фолијата и ставете го во средината на помала лента печиво. Изматете 2 жолчки со 1 лажичка вода и премачкајте ги рабовите на тестото, како и горниот дел и страните на завитканото месо. Со сукало, внимателно подигнете и повлечете поголемо парче тесто преку месото, притискајќи добро на страните. Исечете ги спојките на рабовите од околу 4 см. Запечатете го работ со рачка од вилушка или лажица.

Сѐ премачкајте со уште жолчка од јајце. Ставете го во фрижидер најмалку 30 минути и до 24 часа. Загрејте ја рерната на 200°C. Намачкајте го говедското месо со уште малку жолчка и печете го додека не порумени и не стане крцкаво - 20-25 минути за средно печено говедско, 30 минути за малку попечено. Оставете да отстои 10 минути пред послужување и исечете го на дебели парчиња.

Remote video URL
реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Рецепти

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Ви се јаде гиро, ама постите? Има решение

Read more

Едноставно Дубаи чоколадо со урми и ф'стаци

Read more

Рецепт на денот: Крцкаво зачинето пилешко

Read more
 

Магазин

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Читај повеќе

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Читај повеќе

Пет висококалорични намирници кои треба да ги јадете

Читај повеќе

Зошто е важно да им дозволите на децата да прават грешки додека растат?

Читај повеќе

Колку чекори треба да правиме дневно за да слабееме?

Читај повеќе

Дали шеќерот може да го поттикне развојот на рак?

Читај повеќе

Како да ги ублажите симптомите на алергија во пролет?

Читај повеќе

Дали само пешачење е доволно за да бидете фит и здрави?

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми

Читај повеќе