Смути со какао и цимет = комбинација од прекрасен мирис и вкус.
Потребни состојки:
1 банана
100 мл густ јогурт
250 мл млеко
1 лажица какао
Цимет
Малку сечкани бадеми
Начин на подготовка:
Исечете ја бананата, додајте ги сите состојки освен бадемите. Ставете ги состојките во блендер и мешајте додека да добиете соединета смеса. Сипете во чашите, додајте сечкани бадеми и послужете.