За патување на островите задолжителна грчката верзија на „Green Pass“

Атина, 12 мај 2021 (МИА) – Со укинувањето на забраната за движење меѓу региони, од петок, во Грција се воведуваат правила за внатрешните патувањата со брод или авион кон островите, односно грчката верзија на „Green Pass“ ќе биде задолжителна за сите патници, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик – министерот под премиерот задолжен за координација на работата на Владата Акис Скерцос попладнево ги соопшти дека новите правила кои пред сè, се однесуваат на грчките државјани, со оглед на тоа дека за туристите и онака „Green Pass“ ќе биде задолжителен за влез во земјата.

За патувања на островите, во пракса значи дека потребно ќе биде да се покаже или сертификат за вакцинација (да се поминати две седмици од втората доза), или негативен тест (направен 72 часа претходно доколку е ПЦР или 24 пред патувањето ако е селф тест/рапид тест) или потврда за прележан Ковид-19 (два месеци по заразувањето и до најмногу девет месеци).

Авионските и морските компании задолжително ќе вршат контроли, дали патниците имаат некоја од горенаведените потврди, кои важат и за грчките и за странските државјани со наполнети пет години.

За патувањата на Грците со автомобил, во континенталниот дел на Грција, тестовите не се задолжителни, но постои силна препорака за спроведување пред патувањето.

Грција в петок излегува од шестмесечниот карантин

Од петок, во Грција се укинуваат голем дел од рестрикциите воведени на 7 ноември 2020 година, односно задолжителното испраќање смс пораки за секое движење на граѓаните и забраната за патување меѓу региони, полицискиот час дополнително се скратува, а се воведуваат правила за внатрешните патувањата со брод или авион кон островите, јави дописничката на МИА од Атина.

Заменик – министерот под премиерот задолжен за координација на работата на Владата Акис Скерцос попладнево, на прес конференција соопшти олабавување на мерките, а Грците, по над шест месеци карантин, од 14 мај Грците ќе имаат поголема слобода на движење, без да мора да испрааќаат смс пораки, без разлика дали е за пазарување, физичка активност, посета на лекар или за шопинг.

Полицискиот час, наместо од 23 часот, ќе почнува половина час по полноќ, додека пак до крајот на месецов угостителските објекти и понатаму ќе работат без музика.

Скерцос соопшти дека туризмот ќе се отвори со помош на „Green Pass“ односно потврда за вакцинација, за негативен тест или за прележан Ковид-19, а и понатаму ќе се користи и PLF формуларот ( Passenger Locator Form), при секое пристигнување во Грција.

-Безбедниот прием, престој и враќање на посетителите на нашата земја се основните принципи на нашиот план за отворањето туризмот, рече Скерцас.

Заедно со туризмот, на 14 мај се отвораат и музеите, една седмица подоцна ќе почнат со работа и летните кина, на 28 мај дозволено е организирање претстави и концерти на отворено, а во текот на следниот месец ќе се укинат рестрикциите за свадби и крштенки, кои ќе може да се одржуваат само на отворено со најмногу 100 гости.

Министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас, на прес конференцијата соопшти дека денеска биле спроведени над 106.000 вакцинации, до крајот на денот ќе достигнат до четири милиони вакцинации од почетокот на процесот на имунизација, 2,6 милиони граѓани примиле по една доза, односно 24,59 отсто од населението, а над 1,3 милини се целосно вакцинирани , односно над 13 проценти од популацијата.

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.489 нови случаи на Ковид-19, починаа 70 лица, а 707 пациенти се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата во земјата има 369.554 потврдени случаи, а од COVID-19 починаа вкупно 11.211 лица.

Тагови
реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе