Тројца пешаци синоќа се прегазени во две сообраќајни несреќи, кои што се случие во период од пет минути на ист булевар во центарот на Скопје. Како што информира МВР, пешаците биле прагезени на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“, по што веднаш се пренесени во болница. Едниот од нив е пуштен на домашно лекување.
Првата сообраќајна несреќа се случила во 21.55 часот кога возило „тојота“ со скопски регистерски таблици удрило во двајца пешаци на возраст од 24 и 25. Од ударот С.Ѓ се здобила со телесни повреди и укажана и е помош во ГОБ „Св.Наум Охридски“, по што е пуштена на домашно лекување. Вториот пешак М.П. е пренесена во Ургентен центар, каде и е укажана помош и е пуштена на домашно лекување, информираат од МВР.
Само пет минути подоцна на истиот булевар, возило „форд фиеста“ управувано од 30-годишен скопјанец, удрило во 45-годишна жена од Скопје. Т.Г. е пренесена во ГОБ „8 септември“.