За прв пат една лига може да има 6 учесници во ЛШ, Италијанците тријат раце

Италијанската Серија А следната сезона би можела да има шест претставници во Лигата на шампионите, што би било првпат во историјата на една лига, а за тоа Аталанта треба да ја заврши сезоната на петтото место каде што и е моментално.

Аталанта претходно обезбеди пласман во Лигата на шампионите (Серија А доби дополнително место по освоените бодови сезонава), а откако синоќа ја освои Лигата на Европа (победникот оди и во ЛШ), се отвори можноста дека шести клуб од Серија А ќе игра во најелитното клупско фудбалско натпреварување во Европа.

На ваков расплет се надеваат во Рома која моментално е на шестото место, а за тоа клубот од Бергамо треба да остане на петтото место на крајот од сезоната. Доколку избраниците на Џан Пјеро Гасперини во поредокот ги минат Болоња или Јувентус кои заостануваат два бода со меч помалку на своето конто, Рома сепак ќе игра во Лига Европа.

Аталанта моментално е петта со 66 бодови, а предност се Болоња и Јувентус со 68. Останува уште едно коло во Серија А, но најважно е дека Аталанта има натпревар помалку, кој против Фиорентина ќе го одигра дури на 2 јуни.

Во последното коло од викендот Јувентус ја пречекува Монца, додека Болоња гостува кај Џенова. Аталанта покрај доцниот натпревар со Фиорентина ќе одигра и домашен натпревар против Торино.

Доколку резултатите се поклопат, што е многу можно, Италијанците следната сезона ќе имаат дури шест претставници во Лигата на шампионите.

реклама

Се појави нов сој на коронавирусот

Read more

Илон Маск: Во иднината нема да има телефони

Read more
Брзи и лесни летни рецепти

Готвење за двајца: Брзи и лесни летни рецепти

Read more

Ново правило за користење на плажите во Грција менува сè, казни до 60.000 евра

Read more

Фудбал

Нема спиење за фудбалските фанови од вечерва: Почнува Копа Америка

Read more

Три возбудливи натпревари денеска на ЕУРО: Дерби Шпанија-Италија, Србија на поправен

Read more

Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Read more

Нема лабаво со Гатузо: Жесток уште на првиот тренинг во Хајдук

Read more
 

Спорт

Нема спиење за фудбалските фанови од вечерва: Почнува Копа Америка

Читај повеќе

Три возбудливи натпревари денеска на ЕУРО: Дерби Шпанија-Италија, Србија на поправен

Читај повеќе

Суперѕвездата на Бостон со нов најскап договор во историјата на кошарката

Читај повеќе
  • play_arrow

Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Читај повеќе
  • play_arrow

Нема лабаво со Гатузо: Жесток уште на првиот тренинг во Хајдук

Читај повеќе

ЕУРО 2024: Роналдо најмногу промаши, најпрецизни Германците

Читај повеќе
  • play_arrow

Гатузо најавен како мафијашки бос во видеото на Хајдук

Читај повеќе
  • play_arrow

Го забележавте новиот ВАР детаљ на ЕУРО? Преземен е од друг спорт

Читај повеќе

Роналдо го собори сопствениот рекорд на ЕУРО

Читај повеќе