За прв пат направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор

За првпат во историјата на македонското здравство на Клиниката за ортопедски болести е направена експлантација на коски и коскени ткива од починат донор. Коските се од починатата девојка, чие семејство реши да ги донира органите откако таа го загуби животот во сообраќајка несреќа.

Министерството за здравство соопшти дека експлантацијата на коските и меките ткива е направена рано утрово и оти веќе наредната недела е планирана апликација на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег отстранет пред 12 години.

– Откако заврши експлантацијата на срцето и бубрезите, тимот лекари од клиниката експлантираше повеќе делови од коски и меки ткива кои сега веќе се презервирани во Отсекот за експлантација, презервација, складирање и трансплантација на меки и коскени ткива при ЈЗУ ЗА ТОАРИЛУЦ, Универзитетска Клиника за ортопедски болести. Веќе наредната недела е планирана апликација на еден сегмент од коска кај пациент со метастаза од карцином на бубрег, отстранет пред 12 години. Листата на реципиенти на коски и меки ткива се пациенти коишто страдаат од коскен или мекоткивен дефект настанати како последица од тумор, траума, претходен оперативен зафат, вродени аномалии, и е исклучиво динамична и се надополнува од ден во ден. Ткивата од еден донатор може да го подобрат животот на над 70 други личности, а на некои од нив и да го спасат, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

реклама

Интересот за вакцинација се зголемува, вчера вакцинирани 14.976 граѓани

Read more

Ескалираа судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 мртви

Read more

Кладилничарски идиот на денот

Read more

Во тек потрага по 39-годишниот Александар Черговски од Берово

Read more

Македонија

Сијарто: Вашето место е во ЕУ, Унгарија ќе стори сѐ тоа побрзо да се случи

Read more

Уште 30 дена притвор за Камчев, определен притвор и за Груевски

Read more

Дневен ковид-биланс: Новозаразени 7,16% од тестираните, 16 починати

Read more

Пристигнаа 6.000 дози вакцини за имунизација на Граничната полиција, донација од Унгарија

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Како Израел со децении ја презема територијата на Палестина?

Читај повеќе

Израел: Засега не планираме прекин на огнот

Читај повеќе

Има светло во тунелот: Грција го регистрираше друштвото „Крсте Мисирков“ од Воден

Читај повеќе

Сијарто: Вашето место е во ЕУ, Унгарија ќе стори сѐ тоа побрзо да се случи

Читај повеќе

Уште 30 дена притвор за Камчев, определен притвор и за Груевски

Читај повеќе

Дневен ковид-биланс: Новозаразени 7,16% од тестираните, 16 починати

Читај повеќе

Пристигнаа 6.000 дози вакцини за имунизација на Граничната полиција, донација од Унгарија

Читај повеќе

Скандал во француската војска: Пукале кон пилот врзан за мета

Читај повеќе

„Да го поздравиш и да ми го бациш“ се враќа на репертоар во МКЦ

Читај повеќе