За првпат одбранет докторат на јазикот на Инките

Перуанката Роксана влезе во историјата како прва која бранела докторат на јазикот кечуа кој го користеле Инките.

Не само што Роксана Киспе Кољантес ја бранела докторската дисертација на јазикот клечуа, туку и целата тема ја напишала користејќи го него. Ова е прв случај во историјата некој да го користи овој јазик, иако него го говорат околу 9 милиони луѓе во пет јужно американски земји (Аргентина, Боливија, Перу, Еквадор и Колумбија).

Роксана ја бранела дисертацијата на Сан Маркос универзитетот во Лима, главниот град на Перу. Тој е всушност најстариот унизерзите на континентот. Темата ѝ била „Yawar Para“ или „дожд од крв“, а всушност се работи за проучување на поезијата на Андрес Аленкастре Гутиерес (1909-1984) кој творел на кечуа под името Килку Уарак'ак. И церемонијата ја збогатила со храна од Инките: се јадело листови од растението кога, а се пиело чича, алкохолен пијалок од пченка.

„Долг беше патот, но вредеше. Отсекогаш сакав да учам на кечлуа, на мојот мајчќин јазик“, вели Роксана за The Observer. Таа е Инка и израснала зборувајќи го јазикот кечуа кој зборувале и нејзините претци, додека шпанскиот ѝ е втор јазик. Родена е во Акомајо населбата во градот Куско кој сѐ до шпанската окупација бил главен град на империјата на Инките.

„На кечуа не му недоставу вокабулар за да биде академски јазик. Денес многумина го мешаат со шпански. Се надевам дека мојот пример ќе служи како поттик за на јазикот повторно да му се врати вредноста и да се охрабрат младите луѓе, посебно жените, да го следат мојот пат. Многу е важно да продолжиме да го оживуваме нашиот мајчин јазик“, рече Роксана.

Во Перу работата на зачувување на домородните јазици бидејќи не е само кечуа. Тој е најраспространет, но има уште многу други. Во 2016 година за првпат на државната телевизија се прикажа тв дневник на кечуа, а оттогаш кратки вести се даваат и на јазиците ајмара и ашанинка.

Како поранешна шпанска колонија, шпанскиот јазик е застапен насекаде во Перу, а домородните народи се борат да го вратат влијанието на нивните јазици.

Кој е јазикот кечуа?

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Чек дис аут

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Read more
 

Магазин

Чоколадните кнедли многу лесно се прават, а можете веднаш да ги изедете

Читај повеќе
  • play_arrow

Ја нарекуваат девојката со најубави очи: Се прослави благодарение на фотограф

Читај повеќе
  • play_arrow

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Читај повеќе
  • filter

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловечки шницли на руски начин

Читај повеќе
  • play_arrow

„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Читај повеќе

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Читај повеќе

Куркума, бибер и ѓумбир - комбинација од зачини полна здравје

Читај повеќе

Два трика за побрзо омекнување на путерот од фрижидер

Читај повеќе