За што најчесто се расправаат луѓето во врска?

Двојките се расправаат за многу работи, некои теми се минливи, некои подлабоки, но некои иако делуваат безначајни, може со тек на време да ја поткопаат врската и односот кон партнерот.

Една неодамнешна анкета покажа дека чекањето е причина за околу 30 расправии годишно во една просечна врска. Сигурно ви е позната ситуацијата: треба да одите некаде, а партнерот или партнерката уште се подготвува или воопшто не е почната/а.

Истражувањето укажува дека жените сепак се оние кои најчесто доцнат на закажани состаноци или не се готови кога треба да се излезе од дома. Една од четири жени признале дека доцнат кога треба да се сретнат со пријателите, во споредба со 16 отсто од мажите.

Покрај ова, една од пет жени признале дека често доцнат и на работа, а само 13 отсто од мажите го признале истото.

Да не биде дека жените се секогаш виновни кога станува збор за доцнење и чекање, анкетата покажала дека кога се работи за пакување за на одмор, жените биле подготвени на време бидејќи почнуваат да се пакуваат неколку дена однапред, а мажите почесто оставале сѐ за во „5 до 12“.

На многу двојки им е познато сценариото кога едниот го чека другиот, оној што секогаш се подготвува побавно или почнува многу доцна. Тоа резултира со доцнење, а организираните луѓе го мразат тоа. Исто така сметаат дека оставаат лош впечаток и како двојка и како поединци, па тоа е најчестата причина за расправија меѓу партнерите, велат од агенцијата што ја направи анкетата.

Во анкетата учествувале 2.000 возрасни луѓе од кои 65 отсто од жените рекле дека се сметаат за одлично организирани луѓе, во споредба со 55 отсто од мажите.

Тагови
реклама

Зошто луѓето го мразат Новак Ѓоковиќ?

Read more

Шест знаци дека ви недостасува витамин Б12

Read more

Рани симптоми на срцев удар што се појавуваат неколку месеци порано

Read more

Зошто Белгија воведува зелено трепкачко светло на возилата?

Read more

Љубов и секс

Која е идеалната разлика во години за успешна врска?

Read more

7 прашања за сексот што ги мачат луѓето во долги врски

Read more

Кои се најсреќните, а кои најтешките години во бракот?

Read more

Во кој период од животот жените имаат најсилен сексуален нагон?

Read more
 

Магазин

Гледањето во мобилен кога сте изложени на сонце може да ви го оштети видот

Читај повеќе

Која е идеалната разлика во години за успешна врска?

Читај повеќе
Зачинето пилешко со црвен пипер

Зачинето пилешко со црвен пипер

Читај повеќе

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Читај повеќе

Која храна докажано го намалува нивото на холестерол?

Читај повеќе

На што се должи неверојатната трансформација на Џеф Безос?

Читај повеќе

Татковците се помалку под стрес од мајките

Читај повеќе

Кафе или зелен чај: Што ќе ве разбуди подобро?

Читај повеќе
  • play_arrow

Болоња: Потценет туристички рај во кој ќе уживаат гастрономите

Читај повеќе