Здравје

За што сè е добро да јадете тиква?

17. октомври 2019 - 15:35 | Б.С.Б.

Во есен има многу здрави намирници корисни за нашето здравје. Една од нив е тиквата, нејзиниот плод е богат со вода, влакна, витамини и минерали, додека семето е богато со масла, протеини и минерали.

Освен што тиквата е вкусна, таа исто така е хранлива и поврзана е со многу здравствени придобивки. Во 245 г тиква има 49 калории, 0,2 г маснотии, 2 г протеини, 3 г влакна. Покрај тоа содржи витамини А и Ц, калиум, бакар, манган, витамини Б2 и Е, железо и магнезиум, фосфор, цинк, фолат.

Тиквата содржи и антиоксиданси како бета-каротен и алфа-каротен, кои го намалуваат ризикот од рак, очни болести и ја штитат кожата од оштетување. Хранливите состојки, како витаминот А, може да го подобри имуниот систем, но и да помогне во борбата против инфекции. Тиквата е богата со витамин Ц кој се покажа дека го зголемува производството на бели крвни зрнца, помага на имунолошките клетки да работат поефективно и побрзо раните да зацелуваат. Тиквата содржи лутеин и зексантин кои можат да го заштитат вашиот вид

Многу е добра за оние кои сакаат да ослабат, содржи многу малку калории. Добар извор е на влакна кои го намалуваат апетитот. Луѓето кои редовно јадат тиква имаат помал ризик да заболат од рак на желудник, грло, панкреас, рак на дојка и други карциноми.

Тиквата содржи калиум, витамин Ц и влакна кои се корисни за здравјето на срцето. Богата е и со магнезиум, минерал кој е најдобар природен начин да се опуштите.

Коментирај