Доколку талогот од кафе го фрлате во ѓубре, правите голема грешка. Талогот од кафе може да го искористите во домаќинството - од чистење на садовите до различни намени во градината.
Пред сè, талогот од кафе може да го искористите и за чистење на лицето. Подготовката на пилингот е едноставна: употребете лажица од талогот од кафе, промешајте го со лажица шеќер и половина лажица кокосово масло.
Доколку во вашиот дом имате растенија на кои им е потребна кисела земја, користете го талогот од кафе како природно ѓубриво. Кафето помага во разградувањето на органските материи со кои земјата на растението станува уште похранлива и му овозможува на растението побргу да расте.
Доколку во вашиот фрижидер почувствувате непријатна миризба, време е да го употребите талогот од кафе. Талогот треба да биде потполно сув. Ставете го во мал сад и оставете го да постои во фрижидерот некое време и сите непријатни мириси ќе исчезнат.
Освен тоа, со талогот од кафе може да ги исчистите нечистите садови. Во комбинација со детергент за садови, исушениот талог е одличен за чистење на масните садови.