Здравје

За што сè се добри гоџи бобинките?

28. февруари 2020 - 13:50 | М.С.

Гоџи бобинки се дел од кинеската култура, а се сметаат за една од најдобрите намирници.

Оваа билка се огледува во Кина, а исто така се нарекува и црвен дијамант поради своите својства кои го успоруваат стареењето на кожата.

Постои верување дека гоџи бобинките се заслужни за младоликост и долговечност.

Моќта на гоџи бобинките е искористена во традиционалната кинеска медицина. За Кинезите, гоџи бобинките се и лековита билка, а бобинките се полни со витамин Ц, антиоксиданти, аминокиселина и определени минерали.

Лекарите кои ги користат во медицината велат дека ги подобруваат функциите на бубрезите и црниот дроб.

Легенди

Според една легенда, пред повеќе од 2.000 години, еден лекар посетил кинеско село во кое сите имале над 100 години, при што открил дека тие пијат вода од бунар кој е опкружен со стебла на гоџи. Се претпоставува дека гоџи бобинките паѓале во бунарот и хранливите состојки се таложеле во водата.

Во денешно време, овие бобинки се јадат на поинаков начин од порано и се прогласени за суперхрана. Од гоџи бобинките се прави чај, супа и други разновидни рецепти.

Гоџи бобинките се природен извор на минерали и витамини. Содржат витамини (витамин Б2, витамин Б1, витамин Ц ) како и минерали (железо, цинк, селен, калциум, калиум). Изобилуваат со растителни влакна (100гр. Гоџи бобинки содржи 7гр растителни влакна) кои даваат чувство на ситост и ја подобруваат дигестијата на храната.

Гоџи бобинките се користат и во козметиката бидејќи го успоруваат стареењето на кожата.

Коментирај