Живот

За што служи малиот преден џеб на фармерките?

7. декември 2018 - 12:44 | К.З.

Веројатно не постои човек кој не се обидел да го протне телефонот во оној мал џеб кој се наоѓа на предниот дел од фармерките. Но, неговата намена не е да собере телефон, туку нешто сосем различно.

Малиот преден џеб од фармерките постои многу одамна, скоро два века пред да се појават смартфоните.

Според најпознатиот производител на фармерки, американската компанија Levi Strauss, потеклото на овој помошен џеб датира уште од времето на 1800-тите, кога каубоите ги носеле нивните часовници на ланец прикачен за елекот.

За да го спречи нивното кршење, Levi Strauss решиле да го воведат овој мал џеб, кој е доволно голем за да собере часовник. Оттука потекнува и терминот „џебен часовник“.

Во годините подоцна овој мал џеб останува дел од фармерките иако џебните часовници постепено излегуваат од употреба. Некои го користат за таму да складираат монети, додека некои таму носат УСБ. Како и да е, се добива впечаток дека луѓето сакаат да го имаат овој мал џеб, ако ништо друго барем како фин естетски додаток на нивните фармерки.

Коментирај