За Свети Никола: Чоколадни сникерс урми за посната трпеза

Вака подготвените урми ќе бидат совршен посен десерт, а многу лесно се прават.

За посните слава и именден Свети Никола се знае што се става на трпезата. Но, не значи дека не смеете да ја разбиете монотонијата од едните исти јадења збогатувајќи ја со малку поинакви посни јадења кои ќе ја направат трпезата поинтересна за гостите. Сникерс урмите се совршен десерт токму за оваа пригода.

Потребни состојки:
  • 10 урми
  • 3 лажици путер од кикиритки
  • 2 лажици кикиритки
  • 90 гр темно посно чоколадо
  • 2 лажички кокосово масло
  • крупна сол за посипување
Подготовка:

Обложете плех или чинија со хартија за печење и оставете го на страна. Потоа, со помош на остар нож, пресечете ја секоја урма (но не до крај) и извадете ја семката. Исечкајте ги кикиритките, како и чоколадото. Наполнете ја секоја урма со една лажичка путер од кикиритки (со помош на лажица или кесичка) и посипете со сечкани кикиритки.

Затворете ги урмите, прицврстете ги со чепкалка за заби. Потоа на пареа растопете ги чоколадото и кокосовото масло. Со помош на чепкалка за заби, потопете ја секој урма во смесата од растопено чоколадо, исцедете го вишокот, а потоа ставете ги урмите покриени со чоколадо на обложениот плех за колачи.

Полнетите урми по желба украсете ги со крупна сол. На крај префрлете го плехот во фрижидер за да се стегне чоколадото.

реклама

3 години и 6 месеци затвор за Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Карпош

Read more

Силен земјотрес во Турција

Read more

Бен Афлек го спушти синот на земја: Јас сум богат, а ти немаш скршена пара

Read more

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Read more

Рецепти

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Read more

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Read more

Велигденски десерт: Неодоливи чоколадни гнезда

Read more

Празничен ручек: Пастрмка полнета со спанаќ

Read more
 

Магазин

Отстранете ги дамките од маснотии од облеката со изненадувачка намирница

Читај повеќе

Често гледате порнографија? Знаете ли како тоа влијае на вашиот мозок?

Читај повеќе

Која храна помага против надуеност?

Читај повеќе
  • filter

Како да бидете центар на вниманието на Моден викенд Скопје?

Читај повеќе

Голем љубовен хороскоп за мај: Врските ќе бидат ставени на тест

Читај повеќе

Карта на осаменоста на Европа: Луѓето сѐ повеќе се повлекуваат како што стареат

Читај повеќе

За гурмани: Свински шницли со јаболка

Читај повеќе

Доктор открива зошто треба почесто да пиеме сок од целер

Читај повеќе

Не ги игнорирајте првите знаци на рак на тестиси: Кога да посетите лекар?

Читај повеќе