За улогата во хит серијата, Ања учеше шах кај Каспаров

Во морето од нови проекти и нови сезони, ТВ-серијата за девојка која игра шах не изгледа како сигурен победник на прв поглед.

Но, „The Queen’s Gambit“ на Netflix е едно од најголемите телевизиски изненадувања есенва. Серијата доби највисоки можни оценки на Rotten Tomatoes, а има и висока оценка на IMDb - 8,9 од 10.

„The Queen’s Gambit“ добива пофалби од сите страни, а во центарот на серијата напишана и режирана од Скот Франк е актерката Ања Тејлор-Џој.

„Таа има редок магнетизам, оној вид на привлечност што може да продаде дури и најезотерични теми“, напиша еден критичар во пофалната критика за главната актерка и серијата.

„The Queen’s Gambit“, серија базирана на романот на Волтер Тевис од 1983 година, е најновата во низата приказни во која главната протагонистка влегува во традиционално машка област.

Ања Тејлор-Џој ја игра Бет Хармон, девојка од Кентаки која останува сираче по смртта на нејзината мајка, генијална математичарка, и завршува во државна установа за деца без родители.

Таму се открива нејзиниот талент за шах и Бет со текот на годините влегува во светот на таа игра искачувајќи се на врвот на меѓународната сцена. Дејството во серијата се случува во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век.

Во овој свет, заедно со талентот, влегуваат и демоните на младата генијалка. Од една страна е вештината, од другата страна се вознемиреноста, зависноста од алкохол, апчиња...

Покрај сензационалната глума, серијата ги одушеви гледачите со пријатниот и привлечен визуелен идентитет, како и прецизната и убава сценографија и костимографија.

„Бев фасцинирана од ликот на Бет Хармон. Не сакам да трчам, ама со трчање отидов на состанок со Скот Франк“, се присетува Ања Тејлор-Џој во едно интервју.

Таа одговараше, се разбира, и на прашања во врска со вештината за играње шах.

„Требаше добро да го разберам шахот на теоретско ниво. Никогаш не би си ја дозволила таа ароганција да се појавам на сет и да се преправам дека знам за што зборувам. И ми беше мило што ги имав сите експерти околу мене. Знаев дека нема да ми дозволат да ‘зезнам’, дека сакаат да ми помогнат да ја покажаме целата брилијантност на таа игра“, рече актерката.

Ања имаше врвна помош - стручни соработници на серијата беа Гари Каспаров и Брус Пандолфини, човекот кој работеше со Гари Фишер.

Играјќи ја Бет Хармон, Ања Тејлор-Џој всушност само потврди дека навистина е една од новите автентични актерски ѕвезди.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Филм & ТВ

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе
  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе