За здраво срце – качувајте се по скали

Неколку минути качување по скали во кратки интервали во текот на денот може да го подобри вашето кардиоваскуларно здравје, стои во најновото истражување на кинезиолозите на Универзитетот Мекмастер и UBC Okanagan.

Резултатите објавени во списанието Applied Physiology, Nutrition and Metabolism укажуваат дека речиси секој може да си ја подобри кондицијата, каде било и кога било.

„Во резултатите јасно се препорачува секој од нас во својата секојдневна рутина да вметне и одење по скали. Ако живеете во зграда или работите во деловна зграда, искористете ги скалите уште рано наутро, тоа е навистина ефикасен тренинг“, вели Мартин Гибала, професот по кинезиологија на Мекмастер и главен истражувач во студијата.

Претходни истражувања покажале дека вежбите со низок интензитет или спринт трчање се многу корисни ако се изведуваат како една десетминутна сесија со неколку минути одмор меѓу серии, а качувањето по скали спаѓа во низата интензивни вежби што може да го подобрат здравјето на срцето, објави The Record.

Една група млади мажи енергично се качувале по скали три пати дневно, со еден до четири часа пауза меѓу сесиите.

Се качувале по скали три пати во неделата, во текот на шест недели. Истражувачите ги споредиле промените во нивната способност за извршување задачи со контролна група што не учествувала во испитувањето.

„Знаеме дека спринт трчањето во интервали функционира, но бевме изненадени кога видовме дека и качувањето по скали е подеднакво ефикасно“, вели Џонатан Литл, коавтор на истражувањето.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Здравје

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Која храна ги подобрува концентрацијата и расположението?

Read more

Најдобрите здравствени придобивки од пиењето кафе без кофеин

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе

Потрошувачки кредит на вашата сметка, додека уживате во топло кафе

Читај повеќе

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Читај повеќе

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Читај повеќе

Колку често треба да се перат пижамите?

Читај повеќе
  • filter

Марула - ја сметаме за најобична салата, а лечи болести и помага при слабеење

Читај повеќе