Кошарка

Забивање за историја: Подобар и од Џордан

15. април 2019 - 12:20 | А.С.

Грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо ги предводеше неговите Милвоки Бакс до водство од 1:0 од плејофот против Детроит со 24 поени и 17 скокови.

Меѓутоа, она по кое ќе остане запаметен во овој натпревар, а најверојатно и во историјата на НБА беше спектакуларното забивање со кое ги помести границите на физиката.

Адетокумбо во контра напад изведе успешно забивање речиси од линијата за слободни фрлања, на огромно одушевување на сите присутни во салата, но и на љубителите на кошарката ширум светот.

Со делче од стапалото ја премина линијата за слободни фрлања, а тоа беше одраз од 4,17 метри.

Ваков потег не се памети од историското забивање на Мајкл Џордан на Ол стар натпреварот во 1988 година, во рамките на натпревар за забивање. Она што го прави Адетокумбо подобар од легендата Џордан во овој потег е што го изведе од игра.

Коментирај