Заборавени цивилизации: Градот каде во куќите се влегувало од покривите

Чаталхојук често се нарекува најстариот град во светот. Заштитен е од УНЕСКО од јули 2012 година и се наоѓа во јужниот дел на Анадолија во денешната провинција Коња.

На подрачјето на денешна Централна Турција, помеѓу 9.000 и 7.000 години пред новата ера, постоела цивилизација која била многу успешна во земјоделството. Нивен град бил Чаталхојук.

Она што го прави Чаталхојук невообичаен е неговата структура, која не личи на кој било друг познат град. Немало патишта и улици какви што ги знаеме, туку бил изградена како пчеларник. Во градот се влегувало преку скали, квадратните куќи биле изградени една врз друга, а во нив се влегувало преку отвори на покривите. Површината на овие куќи изградени од сушена глина изнесувала околу 25m².

Жителите често ги украсувале влезовите на своите домови со черепи на бикови, а своите мртви ги закопувале во подовите на куќите. На таквите гробници најчесто биле насликани глави на бикови, но и со други мотиви од лов.

„Одредени обичаи во врска со погребувањето на мртвите покажува дека жените играле главна улога. Може да се претпостави дека жените играле посебна улога во претставите на жителите на Чаталхојук, можеби како предци или како основачи на заедницата, и дека врз основа на тоа биле особено почитувани. Претпоставките за улогата на жената како особено почитуван предок, исто така, се засноваат на ликовната уметност, како што се бројните женски фигурини пронајдени во куќите низ Чаталхојук.

Се верува дека оваа цивилизација надвор од градските ѕидини одгледувала бројни култури, од жито до лешници.

Оваа цивилизација постоела во помладата камено доба, пред да се појави писмото, но тие сепак оставиле докази за софистицирано општество, кое ја сакало уметноста и имало посебни ритуали. Во Чаталхојук не постоела општествена хиерархија, особено не во денешна смисла на зборот, но имало еден вид висок стандард и напредок.

Една од зачуваните фрески тематски се разликува од сите други и претставува категорија за себе, така да се каже. На неа е прикажан лавиринт од куќите на Чаталхојук од птичја перспектива. Оваа фреско-слика може да се протолкува како најстарата „градска карта“ во историјата.

Се верува дека во еден момент цивилизацијата достигнала население од 10.000 жители за време на 2000 години од своето постоење. Зошто луѓето го напуштиле овој град, останува непознато до ден денес. Според истражувачот Харалд Херман, можно е постоењето на овој град да било прекинато од комарци, Односно континуирани инфекции кои тие ги шират.

Инаку, како точно се нарекувал овој град не се знае. Името Чаталхојук (Çatalhöyük) е всушност турско име кое му е дадено  по неговото откривање во 1958 година.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Вести

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Read more

Последен поздрав од Марс

Read more

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Читај повеќе

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Читај повеќе
  • play_arrow

Побрз, подобар, попаметен - запознајте го Atlas, новиот хуманоиден робот

Читај повеќе

Зошто треба да исклучувате Wi-Fi навечер?

Читај повеќе

Последен поздрав од Марс

Читај повеќе
  • filter

Зошто Сан Марино никогаш не се обединило со Италија?

Читај повеќе

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Читај повеќе
  • filter

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Читај повеќе
  • filter

Фосили од огромен морски рептил пронајдени во Англија

Читај повеќе