Заборавениот бек на Ливерпул: Каде е, што прави Ван ден Берг?

Во 2019 дојде на „Енфилд“ како голем потенцијал, но до ден денес само четири пати се појави во првиот тим и покрај дефанзивната криза која го зафати тимот.

Смирен, но агресивен, паметен со топката и силен во воздушните дуели. Едноставно, централен дефанзивец како што Вирхил ван Дајк би посакал покрај него. Како таков го најавуваа сега веќе 19-годишниот Сеп ван ден Берг, Холанѓанецот кој во Ливерпул дојде од редовите на Зволе летото 2019 година за сума од само 1,3 милиони фунти, со клаузула „Црвените“ да доплатат уште 3,1 милиони доколку се исполнат неколку услови.

Оттогаш одигра само 4 натпревари и тоа 1 во ФА купот и 3 во Лига купот. Кога пристигна го споредуваа со Џо Гомес, а во Ливерпул беа убедени дека го откриле новиот Ван Дајк. Ништо од тоа не се случи.

Сезонава ниту еднаш не заигра, а само еднаш се појави во тимот на Јирген Клоп кога преседа на клупата во 3. коло од Лига купот против третлигашот Линколн Сити во септември, натпревар кој Ливерпул го доби со 7:2.

Ван ден Берг не е ниту повреден, ниту ковид-позитивен. Надежниот Холанѓанец заглави во резервниот тим на Ливерпул каде генерално игра стандардно, но никако да го убеди Клоп да му даде шанса во првиот тим. Сезонава 8 натпревари одигра во Премиер лигата за резерви и тоа сите од по 90 минути, а постигна и 1 гол.

Во декември наполни 19 години, па може да кажеме дека сѐ уште има време да покаже дека е новиот Ван Дајк, иако како тргнал, тоа секој ден изгледа сѐ помалку веројатно.

Иако за Ливерпул не игра, може да се пофали дека е светски клупски првак бидејќи на ФИФА клупскиот Мундијал во 2019 беше во тимот на Ливерпул кој со 1:0 го победи Фламенгу во финалето во Катар. Ван ден Берг беше на клупата на сите натпревари, но не настапи ни минута. Сепак, си доби медал.

Репрезентативец е на Холандија до 19 години, за која играше стандардно, но сега поради пандемијата веќе една година овие селекции како немаат натпревари.

реклама

Шоферски дилеми: Дали смеете да прескокнувате брзини?

Read more

Никој не сака да работи како сточар, иако платите се и до 50.000 денари

Read more

Зошто Германците ќе ги климатизираат патиштата?

Read more

За два дена, на Гренланд се стопи доволно мраз за да ја потопи Флорида

Read more

Фудбал

Загинаа млад фудбалер на Ајакс и брат му

Read more

Шкендија ја прекина соработката со тренерот Ѓока

Read more

Седлоски по елиминацијата од Санта Клара: Задоволен сум од реваншот

Read more

Кристијан Ериксен се враќа во Интер на прегледи

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ не се откажува: Сака да игра за Србија на Олимпијадата во 2024

Читај повеќе

Симон Бајлс: Не треба да објаснувам зошто го ставам здравјето на прво место

Читај повеќе
  • play_arrow

Италијанецот Џејкобс победник на 100 метри со нов европски рекорд

Читај повеќе
  • filter

За ова гледаме Олимпијада: Со договор, две злата за скок во височина

Читај повеќе

Прв светски рекорд во атлетика на годинашната Олимпијада

Читај повеќе

Зверев се закити со олимписко злато

Читај повеќе

Ѓоковиќ пред ЛОИ: Кога станува збор за Србија, јас тука пресекувам и не се свртувам назад

Читај повеќе

Илејн Томпсон-Хера собори олимписки рекорд стар 33 години

Читај повеќе

Австралиец падна од жештина двапати за време на трката, но сепак ја заврши

Читај повеќе