Заборавените нилски коњи на Ескобар се множат и шетаат по градските улици

Официјалните лица проценуваат дека околу ранчот Асиенда Наполес има 130 нилски коњи, а за 8 години би можеле да бројат околу 400.

Колумбија настојува да префрли во Индија и Мексико најмалку 70 нилски коњи, кои живеат во близина на поранешниот ранч на Пабло Ескобар, како дел од планот за контрола на нивната популација, пренесува CBS. Нилските коњи се потомци на 4 примероци кои покојниот наркобос илегално ги донел од Африка во 80-тите години на минатиот век.

Наречени „кокаински“ нилски коњи, бидејќи биле купени со пари од продавање кокаин, се прошириле далеку од ранчот Асиенда Наполес (Hacienda Nápoles), кој се наоѓа долж реката Мадалена во Пуерто Триунфо, на околу 250 км северозападно од Богота и 150 км источно од Меделин. Надлежните проценуваат дека во околината има 130 нилски коњи, а за 8 години нивната популација би можела да порасне на 400. Некои од нив тежат и до 3 тони.

Немаат природен непријател

Во годините откако полицијата го убила наркобосот, во 1993 година, хациендата на Ескобар и нилските коњи станале нешто како локална туристичка атракција. Кога ранчот бил напуштен, нилските коњи почнале да се размножуваат во локалните реки.

Научниците предупредуваат дека во Колумбија нилските коњи немаат природен непријател и претставуваат потенцијален проблем за биодиверзитетот, бидејќи нивниот измет го менува составот на реките и може да влијае на живеалиштата на морските крави и капибари (водни свињи). Минатата година колумбиската влада ги прогласи нилските коњи за токсичен инвазивен вид.

Мештаните ги нарекуваат селски миленичиња

Во 2021 година колумбиската влада беше тужена поради планот за стерилизација или убивање на животните, а Федералниот суд пресуди дека нилските коњи можат да се препознаат како „луѓе или лица од интерес“ со законски права во САД. Но, оваа одредба нема никаква тежина во Колумбија, каде што живеат.

Регионот каде лутаат е рај за нив бидејќи нема предатори, а имаат изобилство на храна и вода. Мештаните ги нарекуваат селски миленичиња, но локален биолог вели дека се опасни. Во Африка, нилските коњи предизвикуваат повеќе смртни случаи на луѓе отколку било кои други животни. За сега нема познати напади во Колумбија, но експертите сметаат дека е само прашање на време кога некој ќе биде повреден.

Би ги префрлиле во Индија или Мексико

Планот за нивно префрлање во Индија и Мексико се подготвува повеќе од година дена. Планираат со храна да ги намамат во големи контејнери и со камиони да ги префрлат до меѓународниот аеродром во градот Рио Негро. Оттаму би летале до своите дестинации каде постојат резервати и зоолошки градини што можат да ги прифатат и да се грижат за нив.

Дури 60 би заминале во Индија, а 10 во Мексико. Планот е фокусот да биде на нилските коњи што живеат во реките кои ја опколуваат хациендата, а не на оние внатре во рончот. Еквадор, Филипини и Боцвана изразија подготвеност да примат некои од животните. Мештаните велат дека нилските коњи понекогаш излегуваат од водата и шетаат по градските улици. Кога тоа се случува сообраќајот застанува, а луѓето им се тргаат од патот.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Чек дис аут

Историски заблуди

Read more

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Read more

Првото нешто што ќе го видите открива дали може лесно да се манипулира со вас

Read more

Наполеонов комплекс: Дали ниските мажи навистина се поагресивни?

Read more
 

Магазин

В недела почнува летното сметање на времето: Како поместувањето на стрелките влијае на нашето тело?

Читај повеќе

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе