Чек дис аут

Заборавете на Формула 1: Вози во рикверц!

25. март 2019 - 16:50 | А.С.

Обожавателите на автомобили и автомобилски трки кои се жалаат дека Формула 1 и Суперкарс се станати здодевни, предвидливи и пресметани, имаат на располагање еден малку поинаков вид на нивната омилена забава. Барем на видеоснимки.

Во 80-тите, Холанѓаните малку поразлично „играа“ во овој спорт, но тоа најверојатно беше највозбудливото и најзабавното тркање што некогаш сте го виделе.

Возачите возат во рикверц, што значи дека сѐ се одвива многу посложено и позабавно, особено во кривина и на голема брзина.

Секако, трката е уште позабавна бидејќи има и други автомобили што возат исто така назадечки, па не изненадува фактот дека имало судири. Прилично многу.

Докрајот на трката нема кола без вдлабнатина или гребаница, а некои остануваа и без тркало или без кров.

Овие трки се уште позабавни ако ги гледате вратени назаназад, особено во моментите кога има судир.

Коментирај