Македонија

Забрана за движење на тешки товарни возила на повеќе патни правци поради снежни врнежи

9. јануари 2019 - 12:28 | МИА
Скопје, 9 јануари 2019 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурни екипи од ЈП Македонија пат.

Забрани за движење на тешки товарни возила има на патниот правци крак Маврово-Дебар, Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража, Струга граничен премин Ќафасан и Тетово-П.Шапка каде за останатите возила е задолжително користење зимска опрема (синџири), соопштија од ЈП Македонија пат.

Снег врне со променлив интензитет на цела територија во Републиката. Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, како што соопштија денеска,  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. 

Коментирај