Забрана за промет на мазутот затекнат во складот на „Евротим“ од Кичево

Државниот пазарен инспекторат изрече забрана за промет на производот мазут кој е затекнат во складот на економскиот оператор „ЕВРОТИМ ДООЕЛ Кичево“.

– Надлежните институции продолжуваат со постапувањата во врска со случајот за увоз на мазут и нафтени деривити. Државниот пазарен инспекторат ги доби резултатите од земените дополнителни  мостри од складот за мазут во Ресен во сопственост на компанијата „Евротим ГДС ДООЕЛ Кичево“. Според анализите, констатирано е дека параметрите  вода и седименти и содржина на пепел, се повисоки од граничните вредности пропишани со стандардот МКС Б.Х2.430, соопшти Кабинетот на вицепремиерот задолжен за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси.

Поради констатираните отстапувања на квалитетот на производот, од страна на ДПИ е донесено решение за забрана за промет на производот мазут кој е затекнат во складот на економскиот оператор „ЕВРОТИМ ДООЕЛ Кичево“.

ДПИ уште при првичните контроли на компанијата „Евротим ДООЕЛ Кичево“ и изрече Решение за времена забрана за пуштање во промет на мазут, затоа што тогаш кај две цистерни на компанијата, беа утврдени отстапки од граничните вредности на мазутот, што оваа компанија го увезува. Односно, параметрите за квалитет на мазут не одговараа согласно Правилникот за квалитет на течни горива. По задолжение од ДПИ, тогаш двете цистерни од кои се земаа мострите, беа вратени кај добавувачот, по што следуваа последните дополнителните анализи, стои во соопштението.

– Владата покажа загриженост, подготвеност и одлучност за разврска и расчистување на сите сомнежи и прашања поврзани со информациите за увоз на мазут и нафтени деривати. Веднаш по излегувањето на сторијата на ИРЛ, на предлог на заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба ротив корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во координација со министерот за економија, Крешник Бектеши, се задолжија сите надлежни институции да спроведат итни, вонредени и длабински контроли на целиот процес од увоз или производство до продажба на мазут и нафтени деривати, се додава во соопштението.

Се дополнува дека по зададените владини задолженија, сите надлежни институции навреме, во рамки на дадените рокови, доставија информации, секој во согласност на надлежностите. Целата документација, со сите наоди од надлежните институции, веќе се доставени во Основното јавно обвинителство Скопје, за понатамошно процесурирање и постапување согласно нивните надлежности. 

реклама

Во Кина откриен нов вид џиновски носорог, поголем од жирафа

Read more

На Ериксен ќе му биде вграден уред кој спасува живот, но носи и низа опасности

Read more

Четири хороскопски знаци кои привлекуваат сè околу себе

Read more

Емотивен момент во кампот на данската репрезентација: Се појави Кристијан Ериксен

Read more

Македонија

Регистрирани осум нови случаи со COVID-19, нема починати

Read more

Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Read more

Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест

Read more

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Read more
 

Вести

Регистрирани осум нови случаи со COVID-19, нема починати

Читај повеќе

Попладне наместа нестабилно со пороен дожд, од вторник многу топло

Читај повеќе

Тешко повредена велосипедистка во Охрид откако во неа удрил автомобил

Читај повеќе

Албанија обезбеди бесплатни брзи тестови за туристите со симптоми на COVID-19

Читај повеќе

Санкционирани 176 возачи кои возеле под дејство на алкохол

Читај повеќе

Во експлозија во фабриката Слобода во Чачак повредени тројца работници

Читај повеќе

Втор случај на индиски сој во државата, за влез во Грција доволен е и брз тест

Читај повеќе

Авионска дезинсекција против комарци во Скопје

Читај повеќе

Претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд

Читај повеќе