Забранети електронски уреди за патниците од осум земји кои летаат за САД

САД забранија внесување на електронски уреди во авионите за патниците кои доаѓаат од осум земји, главно од Блискиот Исток и северноафриканските земји.

Извор од американската влада за BBC рече дека оваа мерка се однесува на девет авиокомпании кои летаат од 10 аеродроми надвор од САД.

Американските медиуми објавуваат дека наредбата е резултат на информации што ги собрале разузнавачките служби.

На патниците им се забранува во авионите да внесуваат електронски уреди како лаптопи, таблет компјутери, камери, DVD плеери и електронски игри, но не и мобилни телефони.

Во февруари минатата година, авион на компанијата „Daallo“ беше оштетен при експлозија што се случи непосредно по полетувањето од Могадишу, главниот град на Сомалија.

Инспекторите рекоа дека од авионот испаднал човек кој носел лаптоп-бомба. Пилотот сепак успеа безбедно да го слета авионот, а бомбашот беше единствениот настрадан.

Ако авионот достигнел висина на летање, со сигурност ќе се распрснел.

Исламистичката милитантна група Ал Шабаб која е поврзана со Ал Каеда ја презеде одговорноста за овој напад, а американските разузнавачи сега се загрижени дека можни се нови напади.

Аеродромите засегнати со наредбата се: Queen Alia International (Јордан), Cairo International Airport (Египет), Ataturk Airport (Истанбул), King Abdulaziz International (Саудиска Арабија), King Khalid International (Саудиска Арабија), Kuwait International Airport (Кувајт), Mohammed V International (Мароко), Hamad International (Доха, Катар), Dubai International (ОАЕ) i Abu Dhabi International (ОАЕ).

Не е познато до кога ќе трае забраната.

реклама

Тешка недела: Финансиски хороскоп за секој знак од 15 до 21 април

Read more

Со 11.100 км/ч за 1 час низ половина свет: Тестот беше успешен, доаѓа ракетен авион?

Read more

Зошто никогаш не треба да користите мобилен телефон додека сте во тоалет?

Read more

Топ 5 најдолговечни животни - некои живеат и илјадници години

Read more

Свет

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Read more

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Read more

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Read more

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Read more
 

Вести

Командант на НАТО: Милијарда луѓе се изложени на ризик поради подморските војувања

Читај повеќе
  • play_arrow

Андерс Рослунд во Скопје: Генијалниот автор на крими жанрот доаѓа на Саемот на книга

Читај повеќе

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Читај повеќе

Временски сензации – изложба на скулптурите од керамика на Боро Новаковски

Читај повеќе

Најмалку 20 тела во распаѓање пронајдени на брод во Бразил

Читај повеќе

Без вода дел од Карпош

Читај повеќе

Иран зад себе има незамислива сила која е закана за целиот свет: Група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Читај повеќе

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со локални врнежи од дожд

Читај повеќе