Здравје

Забранети комбинации на храна

19. март 2017 - 14:46 | А.С.

Некои намирници се варат брзо, а некои побавно и затоа некои комбинации на храна се лоши за вашиот желудник.

Според ајувердскиот принцип на исхрана, одредена храна не треба да се јаде во комбинација со друга, бидејќи има различен вкус и енергија, па затоа влијае врз системот за варење и целото тело.

Комбинирањето на некои намирници може да предизвика проблеми со варењето, ферментација во желудникот, подуеност и зголемување на количината на токсини во организмот.

Еве кои намирници не треба да ги јадете заедно за да си го подобрите варењето и за да може телото максимално да ги искористи хранливите материи од храната.

Сирењето не треба да го јадете во комбинација со јајца, млеко и јогурт, а одобро е да го комбинирате со зеленчук и житарки.

Млекото, во принцип, не треба да се комбинира со ништо освен овесна каша и бадеми. Најлоша кмбинација е банана со млеко, а исто така е лошо со таков напиток да комбинирате јајца, јогурт, месо или риба.

Со јајца не комбинирајте млеко, сирење, јогурт, овошје, риба, компир и месо, а добра комбинација со јајца се зеленчикот и житарките.

Според ајувердскиот принцип на исхрана, овошјето не треба да го комбинирате со ништо друго освен овошје. Исклучок е лубеницата што не треба да се комбинира ни со друго овошје.

Коментирај