Забрзано опаѓа бројот на заразени во Шведска, епидемиолозите не знаат точно зошто

МИА/КАЈГАНА
/ 11.08.2020 / 10:21

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел изјави дека од почетокот на јули дошло до забрзан пад на бројот на заразени лица со коронавирусот.

– Но, зошто се случи точно во тоа време и зошто беше толку ненадејно, мислам дека е малку тешко тоа целосно да го сфатиме, рече Тегнел во интервју за шведскиот портал The Local.

Тој додаде дека падот на бројот на новозаразените изгледа дека не е поврзан со празниците или некоја мерка преземена од здравствените власти.

– Веруваме дека зголемувањето на бројот на имуните луѓе кај населението има врска со тоа, но навистина не знаеме точно, рече Тегнел.

Тој смета дека намалувањето на бројот на случаи на коронавирус во јули во Шведска покажало дека нивната стратегија, според која повеќето од строгите мерки воведени од повеќето земји беа избегнати, на некој начин успеала.

– Бројките во Шведска покажуваат дека може да има брз пад на бројот на случаи без затворање, додаде шведскиот епидемиолог.

URL

Тегнел призна дека бројот на нови случаи на коронавирус е зголемен малку во текот на изминатата недела, особено кај младите.

– Но, се чини дека можеме да се справиме со тоа, рече Тегнел.

Тој истакна дека една од работите што сега се знае за коронавирусот е дека станува збор за многу непредвидлива болест.

Според најновите податоци, од коронавирусот во Шведска до сега починале 5.763 луѓе, речиси петпати повеќе отколку во Данска, Норвешка и Финска.

Откривањето и следењето на новите случаи ќе бидат клучни за успехот или неуспехот во спречувањето на ширењето на коронавирусот во следната фаза на пандемијата, процени Тегнел.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Читај повеќе