Забрзано се топат глечерите на Антарктик и на Гренланд
Најновото истражување на НАСА ги претстави досега најпрецизните податоци за тоа колку лед се топи во близината на двата пола на Земјата.
Во периодот меѓу 2003 година и 2019 година, пет милијарди тони лед исчезнале од поларните области, што е доволно за да се наполни езерото Мичиген во Америка и нивото на морето да се подигне за 14 милиметри, пренесе BBC.