Зачекорете во модната револуција со колекцијата VOYAGE на Стефанија Насеска

Александра Спасеска
/ 19.10.2020 / 18:47

Македонската дизајнерка Стефанија Насеска секогаш знаела како да ги заскокотка сетилата, но и мозочните вијуги на модните обожаватели и ентузијасти.

Ако пред нецела деценија храбро и пркосно ни го постави прашањето „Шчо напраифвме“, сега ни покажа и „шчо требит да праиме“ во поглед на иднината на модата.

Во есенското издание на МВСК во 2013 година, дизајнерката Стефанија Насеска на пистата го постави прашањето „Шчо напраифме?“ (со македонската мода), односно до каде стигнавме? Модата оттогаш, на локално и на глобално ниво, покажа дека е стигната до „точка на вриење“ и дека „нешчо“ мора да се „напраит“. Сѐ погласни станаа гласовите и струењата дека модата мора да забави и да се преиспита целиот синџир, а Насеска се чини беше добро начулена во текот на нејзиното отсуство од домашната модна сцена.

Фотоколаж: Stylist.mk

По успешниот камбек што го доживеа со „Саndy Love“ – колекција што ја прикажа на дигиталното издание на МВСК минатата сезона по пауза од половина деценија, Стефанија Насеска се претставува колекција што е целосно во дослух и во чекор со новото време. Таа повторно почнува нова модна револуција, но без фанфари и помпа, туку една тивка, спокојна револуција што истовремено влече корени од минатото од кое учи и гледа кон иднината во која верува. А Насеска верува во иднината на модата што е одржлива, етичка, еколошка, свесна.

Ваквиот пристап на Насеска особено радува бидејќи совршено се надоврзува на истите вакви успешни модни приказни на македонските дизајнерки Ирина Тошева и Евгенија Зафировска, кои подолго време работат по овој принцип, и сите заедно со уште низа креативци покажаа дека од Македонија излегува прогресивна, одржлива мода. Модниот викенд Скопје сезонава повторно послужи како чадорот под кој се собраа овие креативци и покажавме дека имаме доволно, не само потенцијал, ами значаен производ што ќе ја поведе „меката“ револуција со пример.

Дизајнерката одново ги освои симпатиите на посетителите за време на неодамна одржаниот тридневен поп-ап шоурум „Свесна Мода“ во Јавна Соба на 22. Моден викенд Скопје, овојпат со креациите за есен и зима спакувани во нова колекција за двата пола со симболичен наслов VOYAGE. За оние кои немаа можност одблизу да ја доживеат колекцијата, Насеска ја пресели модната приказна на повеќе градски локации, претставувајќи ги креациите во сосема поинакво светло заедно со фотографот Сони Романов.

„Секој од нас има свој животен пат и своја приказна за раскажување. Оваа колекција е мојата приказна за тоа кои сме ние, што имаме и што ќе им оставиме на генерациите по нас. Впрочем, и самиот назив не алудира на патување низ просторот, туку низ времето. Инспирацијата ми проникна од македонските народни носии. Позајмив специфични елементи и ги имплементирав во крајно модерни кроеви, обидувајќи се да направам спој на минатото и сегашноста, согледани од некое идно време. Ако имаме богатство коешто треба да го негуваме, тогаш токму ова е нашето. Должни сме да го пренесеме и на следните поколенија“, објаснува дизајнерката.

VOYAGE е прва колекција на Стефанија Насеска која е комплетно одржлива, соодветствувајќи на темата на последниот 22. Моден Викенд Скопје, каде беше една од учесничките со уметничка инсталација во склоп на изложбено-продажниот салон. Парчињата се изработени од природни материјали кои не загадуваат при нивното производство, или, пак, од фабрички остатоци и рециклирани материјали, со што се придонесува кон нула загадување на животната средина. Освен од еколошка гледна точка, таа е значајна и од етички аспект, бидејќи е изготвена со целосна посветеност на дизајнерката, без експлоатација на работничкиот труд:

„Континуирано во текот на единаесетгодишната кариера внесувам новитети, а најгорда сум што од оваа сезона го воведов мојот бренд во полето на одржливата мода. Како општествено и еколошки освестен дизајнер, посветив максимално внимание за заштита на природата, без создавање на отпад и користејќи рециклирани материјали, односно фабрички остатоци и нивна реупотреба. Важен акцент ставам и на начинот на производство, така што безрезервно се почитуваат работничките права и нема експлоатација на нивниот труд. Брендот ја задржува својата уникатност и малите производствени количини.“

Патувањето на колекцијата VOYAGE продолжува со нејзина дигитална промоција во медиумите и на социјалните мрежи. За реализација на едиторијалот снимен на повеќе впечатливи локации во градот, Стефанија Насеска за првпат оствари соработка со реномираниот моден фотограф Сони Романов. Главни протагонисти во приказната се моделите Елена Ристевска и Дарко Бошковски, тандемот што им даде живот на парчињата, а за чиишто изглед е заслужна визажистката Марија Лазарова од студиото за убавина Trend AS. Како уметнички директор и продуцент на целата кампања се потпишува Милан Атанасов, актуелен координатор за односи со јавност на МВСК.

„Среќна сум што од сезона во сезона соработувам со професионалци кои пред сè си ја сакаат работата исто колку и јас самата. Затоа и добриот резултат никогаш не изостанува. Секоја колекција што ја создавам има личен печат, но и носи посебен дух, поради што настојувам постојано да се окружувам со нови соработници, кои ќе ја доживеат на индивидуален начин, дополнувајќи ја со поразлична креативна енергија и естетска димензија од претходните. VOYAGE веќе само не е моја колекција. Tаа е сега колекција на сите нас кои безрезервно се вложивме за нејзината визуелизација. Љубовта која се чувствуваше на сетот и вложеноста на целиот тим од самиот почеток ветуваше успех. И задоволство ми е да кажам дека имам пријатели како Елена, Марија, Милан, Дарко и Сони, кои се исклучително талентирани и посветени. Можеби ќе звучи клише, ама тврдам дека заедно сме посилни“, заклучува Стефанија Насеска.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Стил

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more

Преполниот куфер ќе стане минато: Пробајте го генијалниот метод 333

Read more

Нема одмор за најубавата спортска новинарка во светот

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе