Зад магијата: Визуелните ефекти во „Star Wars The Force Awakens“
За да биде направен последниот Star Wars филм, беше потребна одлична комбинација од добра актерска екипа, сценаристи, режисер, но и врвен тим за креирање на специјалните ефекти. А кој друг ако не артистите на Industrial Light and Magic - компанијата која се роди благодарение на првиот Star Wars филм.
Во видеото објавено од компанијата гледаме како изгледа креирањето на компјутерски генерираните ефекти во филмот, како оние на бродовите, создавање цела планета во позадина, цели армии, во „Star Wars: The Force Awakens“.