Задолжителна маска и на палубите на бродовите и траектите во Грција

Атина, 3 август 2020 (МИА) – Бродовите и траектите во Грција пловат со дополнително зголемен капацитет од 80 и 85 отсто, наспроти 60 и 65 проценти колку што беше претходно, а од утре до 18 август, освен во внатрешноста, задолжителна е маската за патниците, и во надворешниот дел, односно на палубите, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од денеска, три пати седмично ќе има состаноци со надлежните епидемиолози и министри за ситуацијата со COVID-19, а утрово била донесен одлука за нови превентивни мерки, како што соопшти портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите.

– Овие состаноци ќе се одржуваат за да се регистрираат случувањата, да се оценуваат податоците и соодветно да се прилагодуваат нашите активности за справување со пандемијата. На денешниот состанок беше одлучено следното: употребата на маска станува задолжителна и во надворешните делови на бродовите од утре до 18 август. Почитувањето на оваа мерка е клучно за да не се донесат подрастични рестриктивни мерки за капацитетот на бродовите. До 15 август се продолжува одлуката според која земјоделските работници кои излегуваат од земјата, немат право одново да влезат, соопшти портпаролот на грчката Влада.

Бродовите и траектите во Грција за време на викендот почнаа да пловат со зголемен капацитет. Од 60 и 65 отсто исполнетост, сега се дозволени 80 (доколку во бродот нема кабини), односно 85 проценти (доколку располага со кабини) од вкупниот капацитет.

Пецас рече дека воведувањето маска и на палубите е поради тоа што било забележано во надворешниот дел на бродовите кои пловат кон грчките острови да има гужви и да не се одржува потребното растојание.

И покрај зголемениот број позитивни случаи во изминатите денови, Пецас рече дека епидемиолошката слика на Грција е многу подобра во споредба со други држави, истакна дека земјата успеала да ги контролира „увезените случаи“, а главниот непријател и понатаму е опуштеноста на граѓаните во внатрешноста на земјата.

Сепак, објасни дека зголемениот број позитивни случаи, барем засега, не доведува до значаен притисок врз здравствениот систем на земјата, со оглед на тоа дека бројот на хоспитализиранит на Одделите за интензивна нега, како и бројот на пациенти приклучени на апарати е помал од оној во април и мај.

– Главниот извор на загриженост за поголемо ширење на вирусот во општеството се копнените граници од кои влегуваат Грците и оние кои имаат дозвола за престој, како и гужвите на општествени манифестации, гужвите во местата за забава и во јавниот превоз, истакна Пецас.

Токму затоа, во земјата се интензивирани инспекциите, а од петокот до вчера, надлежните органи, спровеле 6.610 контроли во цела Грција, биле регистрирани прекршувања во 434 случаи, изречени 494 казни во висина од 231.500 евра и забрана за работа од вкупно 195 дена.

– Зголемувањето, особено на административните казни со забрана на работа е многу големо во споредба со претходните викенди и ја потврдува опуштеноста што сите ја гледаме околу нас. Но, како што многу пати имаме кажано, ако се опуштиме, ќе го платиме тоа, посочи Пецас.

Портпаролот на грчката Влада на денешниот редовен брифинг со новинарите не ја исклучи можноста, доколку биде потребно и доколку новите мерки не донесат резултат, да се преземат и дополнителни.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Регион

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more

Грција реагира за употребата на името Македонија во изборната кампања

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе