Доколку повеќе сакате велосипед од автомобил несомнено ќе се најдете во ситуација да возите навечер, но мракот може да си поигра со вас без разлика колку ви е добар видот. Lumigrids е направа која секој страстен велосипедист треба да ја има.
Lumigrids претставува LED проектор чија цел е да ја подобри безбедноста на вечерното возење. Оваа направа емитува светлосна мрежа на патот пред вас и со тоа ви овозможува да воочите било каква нерамнина на патеката.
Lumigrids се прицврстува на воланот и може да се напојува со батерија или динамо. Проектираната мрежа останува непроменета на рамна површина, а изместувањето на кокцките веднаш алармира на нерамнини на патот.