Живот

Задоволен од услугата: Роналдо остави бакшиш од 20.000 евра во грчки хотел

25. јуни 2019 - 12:27 | Б.С.Б.

Грчките медиуми објавија дека славниот фудбалер Кристијано Роналдо, одушевен од услугата во еден хотел, на персоналот им оставил бакшиш од 20.000 евра.

Роналдо веќе неколку дена се наоѓа во луксузен хотел на југот на Грција каде престојува во претседателски апартман. Друштво му прави девојката Георгина Родригез, со која, според објавените фотографии на социјалните мрежи, ужива во секој миг.

Медиумите објавија дека Роналдо плаќа по 9.000 евра за ноќевање во грчки хотел, а за таа цена го добил најубавиот апартман со поглед на Јонско Море и приватен базен. Португалецот бил исклучително задоволен од однесувањето на персоналот, вработените во ниту еден момент не им дозволиле на папараците да дојдат близу хотелот. Во знак на благодарност им оставил 20.000 евра.

По одморот во Грција Роналдо ќе има уште неколку слободни дена, по што се враќа во Торино каде со Јувентус ќе ги започне подготовките за новата сезона.

 
 
 
 

 
 
 
 
 
 
 
 
 

Amore mio

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Коментирај