Заедничко гледање порно филмови: Да или не?

На почетокот може да биде непријатно и на едниот и на другиот партнер заедно да гледаат порно филмови, но само на почетокот. Сепак, најдобро е оваа активност да не стане навика, сметаат сексолозите.

Порно филмовите се дел од реалноста во која живееме, а за нив постојат различни мислења. Некои сметаат дека не се здрави и можат да наштетат на врската, а други дека консумацијата на ваквиот жанр на филмови има позитивно влијание на многу работи.

Blood and Milk разговараа со едукатори и експерти за секс, со цел да одговорат на често поставувани прашање на оваа тема.

Да или не за гледањето порно филмови со партнерот?

Експертите велат: Гледајте ако сакате. Секс терапевтката и експертка за љубовни врски Шадин Френсис објаснува дека заедничкото гледање порно филмови е совршена прилика да ги откриете и изразите вашите фантазии.

Сексуалната едукаторка Амбер Малери вели дека е тоа здраво и за двајцата.

На почетокот можеби ќе ви биде непријатно додека гледате заедно, но тоа е во ред. Може да разговарате за тоа и да не се срамите од вашите фантазии и желби.

Како да почнете разговор за заедничко гледање?

Без разлика колку долго сте заедно, секогаш треба да разговарате за сексуалните желби кои во овој случај вклучуваат гледање порно филмови заедно, нешто што може да донесе позитивни промени во вашиот сексуален живот.

„Да се има отворена комуникација во врската е многу важно и овозможува директно да прашате некои непријатни прашања без да се воздржите“, вели Малери и како примери за директен начин ги дава следните прашања:

„Би сакал да гледам еротски филм со тебе, ако си заинтересирана. Вчера гледав навистина добар порно филм, може да ти го покажам?“ и слично.

Сексуалната терапевтка Линдзи Девин вели дека може и да разговарате за тоа каква улога имаат порно филмовите во животот. Некои се прашуваат дали постојат проблеми ако партнерите не можат да се возбудат без гледање порно филмови, а експертите велат дека не е ништо страшно, но во секој случај претерувањето во гледање вакви филмови може да има негативно влијание.

Затоа, добро е одвреме-навреме малку да ги зачините работите во спалната соба, па препорачуваат заедничкото гледање порно филмови да не премине во навика.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Љубов и секс

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Read more

Во кое време од денот е најдобро да имате секс, според возраста?

Read more

Која е просечната неделна доза секс?

Read more

Како сексот може да ви помогне да напредувате на работното место?

Read more
 

Магазин

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Читај повеќе

Историски заблуди

Читај повеќе

5 совети како да го разгорите повторно вашиот сексуален живот

Читај повеќе

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Читај повеќе
  • filter

Најскапите намирници во светот: Треба да потрошите вистинско богатство за нив

Читај повеќе

Рецепт на денот: Јагнешки бут зачинет на грчки начин

Читај повеќе

Зошто никогаш не треба да го резервирате седиштето 11А во авион?

Читај повеќе

Пет причини зошто треба почесто да јадете тиквички

Читај повеќе

5 причини зошто треба да го ограничите времето што децата го поминуваат пред екрани

Читај повеќе