Заев: Балканот им држи европски лекции на западните земји

Брисел, 12 јули 2018 (МИА) – Премиерот Зоран Заев по врачувањето на поканата за НАТО изјави дека е уверен дека граѓаните ќе го прифатат Договорот со Грција на референдум и дека овој Договор ќе ги охрабри и соседите кои сѐ уште имаат отворени спорови.

„Се надеваме дека решението со Грција ќе ги охрабри Белград и Приштина да продолжат со дијалогот за да најдат решение. Не ни беше лесно ни на мене, ни на Ципрас. Ќе беше полесно да се решеше порано, рече Заев и додаде дека Балканот повеќе не е буре барут, има европски манири, држи европски лекции на западни земји. Ќе бидеме од огромна помош затоа што учевме и научивме од минатото и ќе придносеме кон реформирана и обединета Европа“, рече премиерот.

Заслугата за поканата во НАТО Заев им ја припиша и на сите политички партии и претходни влади на Република Македонија. За него, договорот со Грција многу бргу ќе покаже конкретни резултати за граѓаните од двете страни на границата.

„За неколку месеци веќе граѓаните ќе почувствуват дека договорот носи само добро и уверен сум дека ќе расте бројот на пратеници кои ќе го поддржат договорот“, одговори Заев на прашање дали стравува од тоа Атина да не го исполни својот дел од обврската доколку биде успешен референдумот во Македонија.

Прашан за можна руска вмешаност во референдумската кампања, Заев потсети дека огромното мнозинство граѓани се изјаснија за членството во НАТО и во ЕУ и побара да нема непринципиелно мешање во кампањата наредниве месеци.

„Секако сме поучени од соседите од минатото, рече Заев алудирајќи на рускиот пуч во Црна Гора пред влезот во НАТО. Ние ќе обезбедиме сѐ што е во наша моќ граѓаните слободно да излезат и да дадат глас за македонската иднина“, изјави претседателот на Владата.

НАТО пред неколку дена информираше дека е подготвен да помогне, доколку Владата тоа го побара, да и дава логистичка помош на земјата за да спречи лажни вести и дезинформации во текот на кампањата. Премиерот не прецизираше дали Македонија побарала помош и дали има конкретен план за справување со евентуална руска кампања на дезинформации во земјата во пресрет на референдумот.

Заев изрази жалење што Претседателот на државата не и честитал на Владата за поканата за НАТО.

„За жал, не добивме порака од претседателот,  ја пропушти можноста да се одважи и да продолжи во давањето шанса на граѓаните“, порача претседателот на македонската влада.

Прашан за Државната изборна комисија (ДИК), Заев истакна дека Македонија има традиција на решавање на прашањата заедно опозицијата.

„Постојат законски решенија, Македонија има традиција власта и опозицијата заедно да решаваат прашања, во новата ДИК претседателот ќе биде од најголамата опозициска партија, дополнително друга опозициска партија дава уште еден член, опозицијата е застапена со претседател и два члена, а Владата со три члена и еден за коалициониот партнер, значи четири члена, владата има мнозинство, а опозоцијата има претседател“, објасни премиерот.

Тој потсети дека во сабота Владата организира прослави во 15 градови во Македонија и ги повика граѓаните да се радуваат.

Честитајте си, нека ни е вековит овој историски успех на Македонија, победа на граѓаните на Македонија. НАТО одлучи да ни врачи покана да станеме 30-та челнка на Алијансата, сојузник на најсилните земји во светот, изјави премиерот Заев по врачувањето на поканата за НАТО.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Македонија

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Read more

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Read more

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Read more

Лични документи може да се подигнат и в среда

Read more
 

Вести

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: Над 70% од студентите по медицина активно учат германски

Читај повеќе

Иран: Нема да одговориме на израелскиот напад

Читај повеќе

Ковачки: Кога ВМРО-ДПМНЕ нешто ќе вети, ќе стави на хартија, ВМРО-ДПМНЕ тоа го реализира

Читај повеќе

Марко Бањоли во Чифте амам

Читај повеќе

Левица Денот на планетата Земја го одбележа чистејќи го Водно

Читај повеќе

Лични документи може да се подигнат и в среда

Читај повеќе

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Читај повеќе

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Премиерот на Папуа Нова Гвинеја: Бајден ја навреди мојата земја со изјавата за канибали

Читај повеќе