Заев: „Бомбите“ нема да важат за случаите на СЈО по 30 јуни 2017 година

Скопје, 8 април 2019 (МИА) – Изработена е нова верзија за законот за СЈО, во која  во одредени сегменти се прифаќаат голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ и веќе се испратени до претставникот на најголемата опозициска партија, истакна премиерот Зоран Заев на работилницата „Гаранција за млади“ во организација на Агенцијата за млади и спорт.

Тој очекува дека денеска да биде разгледана од страна на опозицијата, а веќе утре да почнат преговорите на ниво на работни групи.

-После овие сугестии што ги прифативме врз основа на нивните амандмани, направен е значителен исчекор, рече Заев и додаде дека тоа всушност беше и побарано од Европската делегација и Венецијанската комисија, а се почитувани и црвените линии за овие работи. „Не заради тоа што Венецијанската комисија и Европа тоа го бараа од нас, туку заради нашиот правен систем и принципите за кои сите се залагаме“, рече Заев.

Премиерот рече дека ги знае сите детали во четирите аспекти каде што се направени промените кои, како што рече, имаат сериозен импакт врз суштината на амандманите поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Заев очекува по овие промени процесот да успее и замоли тоа да се случи побргу поради парламентарната процедура.

Во однос на барањето на опозицијата за исфрлање на „бомбите“ како доказ, премиерот рече дека тоа е прашање што е прифатено.

-„Бомбите“ или т.н. материјали за неовластено прислушкување нема да бидат во ова доказна постапка во идното работење на Јавното обвинителство во Република Северна Македонија. Таму јасно стои во членот 105, ставот 4, дека „бомбите“ веќе нема да бидат во доказната постапка, а материјалните докази нормално дека постојат, тие се живи, рече Заев

Појасни дека „бомбите“, што веќе се во судска постапка во 18-те предмети на СЈО, ќе продолжат и натаму да се користат, додека за предметите после 30 јуни 2017 година тие нема да бидат докази во постапките.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе