Заев два и пол часа сведочеше за „Монструм“

Скопје, 3 февруари 2020 (МИА) – Зоран Заев, на барање на родителите на убиените момчиња кај Смилковско Езеро во април 2012 година, денеска два и пол часа сведочеше за случајот „Монструм“ во Кривичниот суд. Тој одговараше на прашањата поставени од судот, од обвинителката Фатиме Фетаи, од адвокатите, како и родителите на убиените момчиња кај Смилковското Езеро.

Заев кажа дека сите материјали кои ги поседувале во СДСМ и во кои имал увид како претседател на партијата, биле предадени во СЈО. Кажа дека од самиот увид на материјалите се гледа дека нема целосно континуитет, односно луѓето кои биле вработени во МВР не можеле секогаш да земаат копии од тие материјали и да ги достават до тогашната опозициска СДСМ.

Заев потврди дека неколкупати се сретнал со роднини на убиените момчиња, кои сакале да добијат повеќе информации од „бомбите“. На една од средбите, дел од родителите изразиле сомневање дека правосудниот систем крие од нив информации и докази. Тој им презентирал аудио материјали кои ги побарале, без да им даде копија.

За тоа што јавно не ги објавил материјалите, Заев рече дека единствена причина била што сметал дека не постои целовитост за создавање целосна слика, и затоа на крајот решил, сè што поседува, да не биде објавено, туку дека да биде доставено до СЈО, за тие да ги употребат за докажување на вистината за „Монструм“ пред судот.

Одговарајќи на прашање поставено од родител на едно од убиените момчиња, Заев рече дека не поседува, ниту видел какви било докази за инволвираност на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски во случајот „Монструм“.

– Секогаш кога сум имал средба со вас родителите тоа било на ваше барање како родители кои трагаат по целосна вистина за убиството, и секојпат без скриени намери сум давал одговори и пред вас и пред јавноста, рече Заев.

Важно е, повтори Заев, да се отвори повторно процесот и да се дадат одговори на сите сомневања што постојат во јавноста.

– Да ја проследиме сите истрагата. Можеби истрагата ќе покаже дека некој, дел, сите се невини или виновни заради тоа и тоа. Да оставиме истрагата тоа да го каже, оти ако го кажам јас во тој случај ќе испадне дека делам пресуди, дека јас оценувам кој е виновен, а кој не, изјави Заев по завршувањето на сведочењето.

За мене, додаде тој, е многу значајно што се отвори повторно истрага за да знаеме дека целата вистина на независен начин е утврдена пред будното око на јавноста. – Ако постојат докази за вина тогаш таа треба да  биде утврдена. Ако постојат докази кои потврдуваат невиност, тогаш треба да биде потврдена невиност. Ако нема докази некој да се осуди, не треба да се осуди. Но на крајот на денот целата вистина и правдата треба да биде обелоденета, истакна лидерот на СДСМ.

Заев додаде дека сега во државава постои независно судство каде премиерот не се јавува ниту на обвинители, ниту на судии и процесот тече транспарентно.

Адвокатката на семејствата на убиените момчиња, Дафинка Ивановска го праша Заев дали и има дадено некои материјали на пратеничката Фросина Ременски, на што тој рече дека ништо не ѝ дал.

Заев во своето сведочење пред судот рече дека се сеќава на разговорите на Муса Џафери и Сашо Мијалков, на Невзат Бејта и обвинетиот Фејзи Азири, на Мијалков и Гордана Јанкулоска, како и на Коце Трајановски и Миле Јанакиески.

Адвокатката Ивановска по завршувањето на сведочењето на Заев изјави дека на денешното судење немало ништо немаше ново.

– Мислам дека господинот Заев го бива за политика и оти сите одговори му беа политички, а не конкретни. Мислам дека нема ништо ново што би придонело за поинакви докази и поинакво расветлување на случајот, рече таа.

За петкратното убиство на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Секси петок

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе