Заев ги чека одговорите од потенцијалните коалициски партнери

Скопје, 10 мај 2018 (МИА) - Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека кон почетокот на мај доставил предлози до потенцијалните нови коалициски партнери и оти го очекува одговорот од нив.

- Синоќа се слушнав со лидерот на една од овие парламентарни партии, а денеска имам намера да зборувам телефонски со другите за да видам како се одвиваат работите и дали нешто може да се допрецизира. Сакам да се зголеми парламентарното мнозинство и да добиеме нов квалитет во Владата и преземање на нова одговорност која ќе помогне во вака значајни моменти, рече Заев, одговарајќи на прашања на заедничката прес-конференција со германскиот државен секретар за европски прашања во МНР, Михаил Рот. 

Прашан за тоа што не е усвоен записник од седницата на која што Талат Џафери е избран за претседател на Собранието, премиерот Заев рече дека тој е избран со мнозинство гласови.

- Видливо беше како се направи изборот во услови кога по 32 дена блокирано Собрание, со должно внимание и водење грижа за сите аспекти, се спроведе процедурата и се гласаше со мнозинство за избор на претседател на Собранието. Доказите се гледаат и достапни се до јавноста. Верувам дека тој записник може да се преточи на хартија затоа што тоа е визуелно евидентно и верувам дека Собранието ќе ги формализира своите постапки, нагласи Заев.

реклама

Почнува со емитување каналот Арена спорт Македонија

Read more

Нуркачи конечно го најдоа римскиот мост стар 1.700 години во Швајцарија  

Read more

Лето 2026: Сè се менува од корен за 4 хороскопски знаци

Read more

Неделен хороскоп од 8 до 14 јуни за секој знак

Read more

Македонија

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Read more

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Read more

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Read more

Една година затвор за Стевчо Јакимовски, Апелација ја потврди казната

Read more

Вести

Kако авиокомпаниите ќе наплаќаат за рачен багаж во иднина?

Читај повеќе

Прифатена парична гаранција од 55.000 евра: Стефан Богоев излезе од притвор

Читај повеќе

Макрон: Русија се соочува со пораз

Читај повеќе

В среда без струја и вода ќе бидат делови од Скопје

Читај повеќе

Airbus го претстави автономниот хеликоптер U145 дизајниран за воени мисии

Читај повеќе

Јакимовски: Осуден сум политички, власта сака да ме спречи да се кандидирам за градоначалник на Карпош

Читај повеќе
  • filter

Целосно изгоре возило на булевар „Јане Сандански“ во Аеродром

Читај повеќе

Пет пријави за семејно насилство во последното деноноќие

Читај повеќе

Каде се рангира Македонија на Глобалниот индекс на мир?

Читај повеќе