Заев: Главен организатор на „27 април“ е Груевски, а не Јанакиески, Ристовски и Вељановски

Не мислам дека главни осмислувачи и организатори на настаните во Собранието од 27 април 2017 година се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука. Според мои сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски. Ова го изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи како сведок на прашање од Судот во однос на конститутивната седница во Собранието од 27 април 2017 година.

– Сите верувам дека посакуваат да не се повтори и верувам дека една од гаранциите за тоа се ваквите судски постапки. Како човек жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група со цел да одзема животи. Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука, рече Заев.

Тој додаде дека според негови сознанија овие луѓе се изманипулирани од главниот организатор Никола Груевски. – Не мислам дека се осмислувачи и организатори на тој настан. Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. Ова го кажувам, затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело, рече Заев.

На почетокот на денешното рочиште, Заев рече дека не може да дадам забелешки во однос на водењето на конститутивната седница на 27 април 2017 година.

-Тоа што беше поинакво тој ден беше давањето на збор на пратеници на крајот од говорница или нивно неспречување надвор од Деловникот на неколку минути пред крајот на седницата, изјави премиерот Заев, одговарајќи како сведок на судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.

Прашан дали конститутивната седница завршила тој ден, Заев рече „да“, точката за избор на претседател на Собранието, заврши на седницата на  27 април.

Заев, кој е повикан како сведок на одбраната, на прашање на бранителот на обвинетиот Трајко Вељановски, рече дека бил присутен на продолжението на конститутивната седница на 17 април 2017 година во Собранието.

Прашан дали спикерот Трајко Вељановски повикал некој пратеник да се откаже од правото на збор, Заев рече дека не се сеќава дека имало повик до некој пратеник да се откаже од правото на збор.

– Се сеќавам на седницата и не можам да изразам забелешка дека на некој пратеник му било скратено деловничко правото на збор, изјави Заев.

Прашан дали тој лично потпишал барање за продолжување на конститутивната седница, Заев рече дека не се сеќава точно, но дека е сосема можно.

– Логично е дека како претседател на парламентарното мнозинство во тој дел сум барал, заедно со останатите колеги, да продолжи седницата сѐ до нејзино завршување, изјави Заев.

На денешното рочиште треба да сведочи и пратеникот Адрим Гаши.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. 

Тагови
реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Македонија

Левица го објави својот предизборен спот

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Read more

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Read more

Дел од неколку скопски населби без струја

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе

Под слоганот Приказна се чита денеска почнува Саемот на книга

Читај повеќе

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Читај повеќе

Вечерва во МКЦ премиера на документарецот Време на бетон

Читај повеќе

Маж фрли бомба врз Сатанскиот храм во САД

Читај повеќе

Дел од неколку скопски населби без струја

Читај повеќе
  • play_arrow

Жена во Бразил донела мртов маж во банка за да може да подигне кредит

Читај повеќе

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Читај повеќе