Заев го доби мандатот, вети европска, демократска и одговорна влада

Скопје, 13 август 2020 (МИА) – Лидерот на СДСМ, Зоран Заев го доби мандатот за составување нова влада од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Во обраќањето пред претседателската вила Водно, откако мандатот му беше врачен, Заев рече дека најверојатно, пред да помине законскиот рок од 20 дена, земјава ќе добие ефикасна влада, влада која ќе го продолжи вистинскиот пат – кон ЕУ, која ќе го развива концептот „едно општество за сите“, ослободена од какви било национализми и етнички предрасуди.

– Чест и одговорност ми е што како предводник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ денеска од претседателот Пендаровски го добив мандатот за составување нова, европска, демократска одговорна влада со институции кои уште подобро ќе им служат на граѓаните. Од овој момент, во рок од 20 дена имаме задача да создадеме програма и кадри на кои Собранието ќе има додели мандат да им служат на граѓаните, нагласи Заев.

Според него, Северна Македонија ќе добие влада која ќе го продолжи јасниот правец – ЕУ, просперитет и долгорочна стабилност. Владата ќе има квалитетни, одговорни и отчетни кадри, а приоритет ќе бидат економијата, борбата со криминалот и корупцијата, како и прочистувањето на праводсутвото.

– Владината програма ќе биде во најголем дел посветена на економијата, на раст на плати и пензии, на вложувања во младите, во раст и развој, во грижа за најсиромашните, во поддршкја на домашното стропанство. Ќе водам влада која не знае за скршнување од патот и која по членството во НАТО, продолжува кон членство во ЕУ, истакна Заев и во оваа прилика упати честитки за Рамковниот договор зашто денес се навршуваат 19 години од неговото потпишување.

Претседателот Пендаровски пред да го довери мандатот се обрати кусо.

-Врз основа на член 84, согласно член 90 од Уставот и предлогот на коалицијата „Можеме“, за мандатар за состав на влада го определувам Зоран Заев, претседател на СДСМ и пратеник во Собранието, рече Пендаровски.

Според член 90 од Уставот, по добивањето на мандатот, мандатарот во рок од 20 дена на Собранието треба да му поднесе програма и да го предложи составот на Владата. Владата, на предлог на мандатарот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. 

реклама

Мурињо ни се фати за 5 сантиметри: Нѐ накодоши дека головите ни се ниски

Read more

Емоционално интелигентните луѓе никогаш нема да ги кажат овие реченици

Read more

Во Србија се урна воен авион, пилотот загина

Read more

Трудница го спаси сопругот од напад на ајкула

Read more

Македонија

Спасовски: Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола кој нападна Ром

Read more

УХМР: Од утре локални поројни дождови

Read more

Глоба од 50.000 евра за САСА по истекот на јаловиштето

Read more

Заев: Пописот ќе се спроведе во април 2021 година

Read more

Вести

Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

Читај повеќе

Руските банки рекордно вложуваат во злато

Читај повеќе

МНТ ги рефундира билетите за откажаните претстави поради пандемијата

Читај повеќе

Спасовски: Кривична пријава и суспензија за полицаецот од Битола кој нападна Ром

Читај повеќе

УХМР: Од утре локални поројни дождови

Читај повеќе
  • play_arrow

Ветераните на ОВК до ЕУЛЕКС: Ќе ви одговориме исто како на Југославија

Читај повеќе

Глоба од 50.000 евра за САСА по истекот на јаловиштето

Читај повеќе

Заев: Пописот ќе се спроведе во април 2021 година

Читај повеќе

Асанж го анализирал самоубиството на генералот Праљак

Читај повеќе