Заев го обвини претседателот Иванов за кукавичлук

Премиерот Зоран Заев го обвини претседателот на државата Ѓорге Иванов дека го крши Уставот со одлуката да не го потпише законот за јазиците.

Тоа според него било чин на кукавичлук и додаде дека овој закон не е изгласан скришно и заткулисно како што порано се правело, туку девет месеци била отворена дебатата.

„Да го оставиме законот за употребата на јазиците да го види денот. Мене ми е жал што претседателот на државата одлучи буквално да не го почитува Уставот и објави по втор пат дека нема да го потпише законот. Тоа не е добро, тоа е флагрантно кршење на Уставот на Македонија и секако институциите немаат право да дозволат тоа да се случи. Но, истовремено тоа за мене значи кукавичлук, да не се дозволи законот да живее заради тоа што ако се пушти законот да заживее конечно ќе ја реализираме последната правна обврска од Охридскиот договор. И сите ќе видат дека нема да има ниту Тиранска агенда во Македонија, дека Македонија нема да биде држава на Албанците или не знам кои од малцинските заедници во државата“, рече Заев.

 

 

Во врска со начинот на кој беше изгласан законот, премиерот вели дека претседателот на Собранието постапил според Деловникот и додаде дека постојат институции кои можат да кажат дали тоа било исправно или не. Апелираше законот да се потпише и да се достави до уставниот суд, како и до Венецијанската комисија за мислење.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Македонија

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Read more
 

Вести

  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе

Ванковска: Мојата цел беше не да победам, туку да вознемирам една застојана елита

Читај повеќе

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Читај повеќе

Пендаровски: Анализите ќе покажат дали граѓаните ме казнија мене поради СДСМ

Читај повеќе