Заев и Ципрас се договорија за името - што е следно?

Атина, 13 јуни 2018 (МИА) - До крајот на 2018, предвидено е да завршат сите дипломатски активности од македонска страна, но и ратификацијата на договорот од Собранието кај нас и Парламентот во Грција. Но претходно, потребно е да се направат конкретни чекори и обврски.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, според медиумите во Грција, но и според грчки владини извори, додека да стигне договорот пред пратениците во Грција, предвидени се следните чекори:

15 јуни - Расправа во грчкиот Парламент

Од опозициската Нова демократија побараа, а тоа го пот, пред двете земји да го потпишат договорот, да се одржи расправа за договорот во грчкиот Парламент. Оваа расправа, неофицијално ќе се одржи в петок.

16 јуни – Потпишување на договорот

Официјално не е соопштен датумот кога би се потпишал договорот меѓу двете земји, меѓутоа во грчките медиуми и во новинарските кругови во Грција, се повеќе се споменува дека Зоран Заев и Алексис Ципрас во сабота ќе заминат за Преспа (на грчка територија), а договорот ќе го потпишат шефовите на двете дипломатии Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Во текот на јуни – Ратификација на договорот во македонското Собрание

Потпишаниот договор ќе треба да добие зелено светло од македонското Собрание, а медиумите во Грција коментираат дека е веројатно претседателот Ѓорге Иванов да не го потпише договорот и да го забави процесот

По ратификацијата допис од Грција до НАТО и ЕУ

Според медиумите во Грција, официјална Атина ќе испрати допис до НАТО и ЕУ во кој ќе пишува дека ја поттикнува интеграцијата на „Северна Македонија“ во НАТО и почеток на пристапни преговори со ЕУ, но под услов да се заврши со уставната ревизија. Интеграцијата во НАТО и отворање на поглавјата со ЕУ, според грчки владини извори, ќе биде откако ќе се заврши со уставната ревизија.

25-26 јуни - Совет на министрите за надворешни работи на ЕУ

Позитивна порака од ЕУ, од Советот на министрите за надворешни работи на унијата.

11 јули - НАТО Самит

На НАТО Самитот на 11 јули, „Северна Македонија“ ќе добие покана но под услов да се направи уставна ревизија.

Септември - октомври референдум

Одржување референдум кај нас, а исходот да биде позитивен. Во спротивно дел од медиумите во Грција споменуваат можност за распишување парламентарни избори со референдумски карактер. Премиерот Зоран Заев неодамна изјави дека референдумот ќе се одржи септември или почетокот на октомври.

Уставна ревизија

По референдумот, со претпоставка дека ќе има позитивен исход, според грчките медиуми ќе следи уставна ревизија и допис од премиерот Заев до земјите што ја имаат признаено Македонија под уставното име дека новото име е „Северна Македонија“

Ратификација во грчкиот парламент

Откако ќе се завршат сите претходни чекори и обврски договорот ќе се ратификува во грчкиот Парламент, а „Северна Македонија“ ќе стане членка на НАТО.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе