Заев и Мицкоски за „бомбите“ со Милошоски

Скопје, 8 март 2020 (МИА) – Сите материјали од прислушуваните разговори ги предадовме на Специјалното јавно обвинителство на крајот на 2016 година и со тоа ја завршивме нашата обврска, одговори денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес-конференција на новинарско прашање дали има информација од каде се новите „бомби“ поставени на Јутјуб за пратеникот Антонио Милошоски, според кои Милошоски се интересира за одлука на Врховниот суд поврзана со неговиот татко.

Како што рече Заев на прес-конференција во партиското седиште, доколку ги поседувал овие „бомби“, ќе ги објавел во рамки на проектот „Вистината за Македонија“ како доказ за директно влијание врз судството.

– Дефинитивно ние ја завршивме нашата обврска и при крајот на 2016 година ги предадовме сите материјали во СЈО. Објавивме пакет од 35 „бомби“ и кога постигнавме договор за Пржинска влада застанавме, материјалите ги спакувавме на хард-дискови и текстуално и ги предадовме. Да не заборавиме кој прислушуваше и дека ние добивме само еден дел од материјалите, односно добивме околу 30 отсто од создадените материјали, рече тој.

Заев го повтори повикот на техничкиот премиер Оливер Спасовски институциите да истражат како и кој го поставил материјалот за Милошоски на Јутјуб.

– Она што објавувавме беа материјали за кои водевме сметка да не задираат во приватноста, а вчера објавениот материјал на Јутјуб не задира во приватноста, но е податлив за пратеникот Милошоски а ние колку што се сеќавам не сме го имале, одговори Заев.

Мицкоски: „Бомбите“ за Милошоски се нелегално стекнати материјали кои требало да завршат во СЈО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ги оцени како брутална лага и манипулација изјавите на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека материјалите објавени на Јутјуб за разговор на пратеникот Антонио Милошоски во кои тој се интересира за пресуда на Врховен суд за неговиот татко, се нови материјали.

Според него, станува збор за нелегално стекнати материјали кои требало да завршат во СЈО, а биле пуштени преку Јутјуб каналот за, како што вели, да се тврди дека СДСМ не ги пуштиле бомбите, бидејќи посочи, на тој начин од таа партија ќе признаеле дека не го предале целокупниот материјал што го поседуваат.

-Претпоставувам ќе продолжат и понатаму на Јутјуб да се појавуваат вакви снимки кои што ќе ги коментира Заев. Претпоставувам дека имаат некои работи недокажани со Милошоски. Во периодот кој следи ќе имаат можност да си кажат многу работи и едниот и другиот. Најдобро би било бидејќи бега од мене да излеземе на повторно соочуваме, барем да прифати со Милошоски да си продискутираат. Ние сме фокусирани на 12 април, рече Мицкоски на новинарско прашање на денешната прес – конференција во седиштето на партијата.

Во врска со содржината на „бомбите“ во кои се јавува Милошоски и дали е за него прифатливо пратеник да се јавува на судија за да се распрашува за пресуда за свој близок, Мицкоски кажа дека за него лично тоа е неприфатливо.

-Милошоски си даде коментар поврзан со текстот на тие нелегално стекнати материјали на фб профилот. Немам што да додадам ниту да одземам. За мене лично е неприфатливо да може високи официјални лица во државата – политичари, премиери, кој било друг, да интервенираат кај судии, да издејствуваат одлуки на врховни судови каде се носи амнестија, да може да интеревираат преку познанства и пријателства да обезбедуваат рекетираат средства за финансирање медиуми… Политичарите треба да бидат надвор од интервенциите во судството, рече Мицкоски.

Тој укажа и на еден нелегално стекнат материјал каде, како што рече, самиот Заев се фали дека по методот трас – трас обезбедил одлука од страна на Врховниот суд, каде самиот вели дека на сите нас ни беше јасно дека ова кое што се случи практично не може да се случи без Заев и власта и дека биле напаѓани од невладините итн, но вели, тоа не му пречи на лидерот на СДСМ да биде носител на листа и кандидат за премиер.

Мицкоски рече дека останува на ставот да не се кандидира за пратеник на изборите на 12 април и да биде шпицен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за мандатар.

Во врска со имињата на лицата кои ќе бидат потенцијални кандидати за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, тоа рече ќе го одлучи Централниот комитет на партијата закажан за вторник, по што кандидатските листи ќе ги објават во јавноста.

Во однос на родовата застапаеност, повтори дека одбива да зборува за проценти, туку се застапува за квалитет, и на зголемување на тој квалитет.

-За жал овде бројките се дефинирани со закон и ние ќе мораме согласно тој закон да постапуваме, односно помалку застапениот пол да биде 40-тина проценти, повеќе застапениот пол да биде 60-тина проценти. Но, не значи дека 40-тина проценти ќе биде помалку застапениот пол токму понежниот, можеби посилниот пол ќе биде помалку застапен на тие листи. Во финална фаза сме на составување на содржината на тие листи, рече Мицкоски.

Запрашан дали може на листата да се очекуваат и лица кои се непартиски определени, тој укажа дека имаа надпартиски кандидат за претседател на државата и оти може да се очекува надпартиски и истакнати личности во својата фела да се најдат и на кандидатските листи за пратеници.

На тоа дали ќе поднесе оставка ако изгуби на изборите закажани на 12 април Мицкоски вели е уверен во победа, и оти тоа го темели на проценки од анкети на јавното мислење.

реклама

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more
Британија: Врховниот суд одлучува за Брегзит

Британија: Врховниот суд одлучува за Брегзит

Read more

Македонија

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Read more

Ковачевски: СДСМ ќе ја внесе Северна Македонија во ЕУ и ќе ги зачува вредностите на ЕУ дома

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе