Македонија

Заев и новите министри првпат ќе одговараат на пратенички прашања

24. ноември 2017 - 10:02 | Макфакс

Премиерот Зоран Заев и министрите денеска на собраниска седница првпат по формирање на новата Влада ќе одговараат на прашањата на пратениците.

Седницата за поставување пратенички прашања се одржува по 100 дена од формирањето на Владата, но поради локалните избори таа беше одложена.

Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, но овојпат е поместена за петок имајќи ја предвид вчерашната заедничка седница на владите на Македонија и на Бугарија во Струмица.

Коментирај