Заев: Има најави за зголемување на парламентарното мнозинство по изборите

Скопје, 15 октомври 2021 (МИА) – Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска истакна дека веќе има најава за зголемување на парламентарното мнозинство, заради самата поставеност во Парламентот, но и како што посочи, заради националистичка реторика што ја имаат ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците и Алтернатива.

-Живееме во втората деценија од 21 век, сите треба да бидат еднакви граѓани и тоа е важно, а граѓаните не сакаат повторно кавги со соседите, со остатокот од светот, сакаат интеграциите да продолжат зашто носат економија, носат повисок економски стандард, кој веќе е видлив насекаде, рече Заев во интервјуто за телевизијата Канал 5.

Тој додаде дека парламентарното мнозинство ќе се зголеми, и оти има пратеници кои веќе ја даваат поддршката.

-После локалните избори ќе има период од 2,5 години во кој ќе нема избори каде ќе може да се одработи навистина јуначки за сите што сакаат да одработат, дали советници, градоначалници, пратеници, министри, премиерот сите заедно можат да одработат и да се приклучат на прогресивниот дел на државата, порача Заев.

Тој истакна дека сите големи крупни одлуки на државата се донесоа заради подигање на економскиот стандард на нашиот народ. Како што напомена, и пратениците и граѓаните сакаат да бидат на страната на успехот на страната што води напред.

-Во овој случај ја имаат понудата токму кај нас во делот на „Најдоброто“ и во делот на програмата и на кандидатите, и верувам дека таквата определба што се потврдува во шест изборни циклуси ќе се потврди и на овие избори, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Read more

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Read more

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more
 

Вести

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Читај повеќе

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Читај повеќе

Русија стави вето на Советот за безбедност на ОН против забраната за оружје во вселената

Читај повеќе

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините кадешто се градоначалници

Читај повеќе

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе