Заев: Има пари во Буџетот за петтиот пакет мерки

„Пари во буџетот има за реализација на петтиот пакет антикризни мерки. Буџетот е стабилен и има добра наплата и во Управата за јавни приходи и во Царината“, изјави денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања по средбата во Собранието со пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Потсети дека е земена еврообврзница од 700 милиони евра по најниска каматна стапка и оти наплатата и во УЈП и кај царината е поголема во однос на март минатата година.

– Финансиски сме целосно подготвени. Само во март имаме 28,6 проценти поголема наплата на царината, на акцизата и на данокот на додадена вредност од март 2020 година. Првите 10 дена, имаме 150 отсто наплата, поточно повеќе од 50 проценти наплата и во УЈП и во Царина. Податоците ги имам до 8 април и за целиот квартал и во Царина и во УЈП имаме 2 милијарди и 800 милиони денари повеќе наплатено во споредба со 2020 година. Само во осумте дена од април имаме една милијарда и 180 милиони денари повеќе наплата во споредба со осумте дена од април 2020 година од царина, истакна Заев.

Најави дека се работи на шестиот пакет мерки кој ќе биде насочен кон угостителскиот сектор кој поради рестриктивните мерки не работи во овој период.

Во однос на вчерашните случувања во Парламентот каде требаше да се донесе петтиот пакет антикризни мерки, Заев упати одговорите да се бараат кај претседателот на Парламентот, замениците и координаторите на пратеничките групи, а го осуди вчерашното насилство врз пратеничка.

– Најмалку што треба да очекуваме од такви пратеници е извинување, рече Заев.

СДСМ денеска прес-конференција обвини дека координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вчера на собраниската седница се дрзнал да ја замолчи пратеничката Даниела Марковска и да ја загрози нејзината слобода на говор во собраниската сала. 

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе